Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Летна градежна офанзива и БРТ - главни теми на советничките прашања

Скопје, 30.06.2021 година - На денешната 72 седница на Советот на Град Скопје советниците поставуваа прашања за работата на градоначалникот, градската администрација, јавните претпријатија и културните установи на Градот.

letna-gradezhna-ofanziva-i-brt-glavni-temi-na-sovetnichkite-prashanja01.jpg

Меѓу советничките прашања поставени до градоначалникот Шилегов беше и прашањето за воведувањето на БРТ во Скопје. Во однос на прашањето градоначалникот Шилегов одговори  дека воведувањето на нов концепт на јавен транспорт е доведено во завршна фаза.

-  По извршените анализи со ЕБОР економски поисплатливо го добивме транвајскиот систем со БРТ. Современите градови наместо градби на пруги воведуваат БРТ. Скопје е првиот град во регионот што воведува ваков транспорт. Потпишавме договор со ЕБОР,  Министерство за финансии и Министерство за транспорт и врски, со што започна фазата на имплементацијата. Работиме на подготовка на распишување на тендерот  за изведба на правата фаза и во следниот период треба да се распише. Во меѓувреме ја работиме студијата за втората фаза - одговори Шилегов  на советничкото прашање.

letna-gradezhna-ofanziva-i-brt-glavni-temi-na-sovetnichkite-prashanja-02.JPG

На прашањето за најавената реконструкцијата на булеварот Борис Трајковски, кога  е планирано да заврши реконструкцијата и кои улици и булевари ќе се реконструираат  во овој период, Шилегов  одговори  дека  на 22.06.2021 година, вторник,  Градот Скопје го почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот Борис Трајковски, на потегот од крстосницата во Пинтија до мостот на Маркова река пред Драчево. На овој потег со вкупна должина од 2.325 метри ќе се изврши целосна замена на стариот асфалт со нов, проширување од две на четири коловозни ленти, изградба на пешачки патеки од двете страни на булеварот и велосипедска патека од едната страна. Kрстосницата пред мостот кај Драчево ќе биде заменета со кружен тек со дијаметар од 20 метри. Планирано е  изградбата да трае неполни две години, бидејќи ќе треба да се изврши експропријација и отстранување на оградите на околните објекти.  Градежните работи ќе чинат 212 милиони денари без ДДВ, средства кои се предвидени во Буџетот на Градот Скопје.

letna-gradezhna-ofanziva-i-brt-glavni-temi-na-sovetnichkite-prashanja-03.JPG

Тој дополни и дека во текот на оваа градежна сезона ќе се градат или реконструираат 11 градски сообраќајници, во неколку скопски општини. Планирана е изградба или проширување на: булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри;  трета фаза на булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри; улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, на должина од 1.000 метри; и на раскрсница на улицата Скупи и булеварот 8.Септември, раскрсница на булеварот 8.Септември и булеварот Никола Карев и раскрсница на булевар Никола Карев и булевар Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток). Градежни работи за реконструкција на постојниот коловоз, пак, ќе се изведуваат на: улица Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри; улица Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри; булевар Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 1.500 метри; улица Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри; булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин; и на булевар Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Андреј и Панчо среде улица пеат со група пензионерки: „Нè сретнаа во населбата Илинден, да се има ба... „Денес, снимајќи видео за ДНК, случајно се сретнавме со група пензионерки кои нè...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Ивана Кнез: „Мудрував како да се ослабе, а си го колабирав организмот до фаза на клиничка смрт“ „Не 'ждери', не јади затоа што те изневерува партнерот, зашто не ти оди на работ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg