Кој е Св. Трифун?

Светиот маченик Трифун е роден во Кампсада во Фригија близу до градот Апамеја. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност.

koj-e-sveti-trifun-001.jpg

Лечел болни од разни болести и од луѓето ги бркал лошите демони.

За неговите чуда се расчуло надалеку поради што бил викнат во Рим кај царот Гордијан за да ја излечи неговата ќерка Гордијана која што страдала од душевна болест, и која што не можел да ја излечи ниеден лекар.

Трифун за кусо време ја излечил и се стекнал со уште поголема слава. Со маченичка смрт умрел за време на царот Децие.

Бил повикан од обласниот римски царски намесник по име Аквилин и му било предложено да се откаже од Исус и на римските богови да им принесе жртви.

Трифун го одбил тоа поради што бил многу мачен. Бил обесен на дрво и тепан со прачка, потоа бил врзан за опашката од коњот и влечен низ полето, а кога и со тоа не го заплашиле, го осудиле да му биде пресечена главата со меч.

Но, пред да биде извршен тој чин, додека војниците го воделе надвор од градот, Трифун се молел на Бога да му ја земе душата и кога дошле на местото на егзекуцијата, тој ја предал душата на Бога.

Тоа се случило на 14 февруари 248 година (според други во 250 година), на 21 годишна возраст.

Според мислењето на нашиот народ тој е заштитник на лозјата и градините од разни штети и несреќи. Поради тоа луѓето го слават и во негова чест на овој ден се започнува со кроењето на лозјата.

Наутро во црквите свештениците пеат молитва и светат вода. Луѓето земаат од светата вода и ги прскаат лозјата за да бидат заштитени од секакви несреќи. По ова се закројуваат неколку лозанки, а потоа луѓето го празнуваат празникот Свети Трфун.

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава