Градот Скопје подготвува закон за оџачарски работи

Текстот на Нацрт - Законот го регулира оџачарството како професија и зема во предвид одредени аспекти од законодавството на Германија. 

gradost-skopje-podgotvuva-zakon-za-odjacharski-raboti-01.jpg

Град Скопје изработи текст на Нацрт – Закон за оџачарски работи, кој има за цел да ја возобнови и промовира професијата оџачар што е дефицитарна во Скопскиот регион и низ целата наша држава. Овој проект е дел од мерките што ги презема Градот за решавање на проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци.

Во дводневна посета на Град Скопје се претставници од Град Нирнберг, коишто на работни состаноци со македонски правен експерт го усогласуваат текстот на Нацрт – Законот за оџачарски работи, во рамки на проектот „Оџачари за чисти печки и чист воздух во Скопје“.

Текстот на Нацрт - Законот го регулира оџачарството како професија и зема во предвид одредени аспекти од законодавството на Германија. Истиот како посебен закон има за цел да го пропише начинот и условите за вршење на оџачарските работи во согласност со законодавството на ЕУ. Со законското решение се предлага и креирање на оџачарски реони кои ќе овозможат јасни одговорности и начини за спроведување на работите кои оџачарот може да ги изведува единствено во рамките на својот реон, како и воведување на обврската домаќинствата и други субјекти еднаш годишно да ги исчистат оџаците.

Оваа наша активност се стреми кон подобрување на состојбата со квалитетот на амбиентниот воздух во Скопје, преку донесување на законско решение кое ќе обезбеди услови за контрола и чистење на грејните тела од индивидуалните домаќинства, контрола и следење на изворите на емисии и спречување или намалување на штетните ефекти од загадувањето на амбиентниот воздух врз човековото здравје.

чистење-оџаци-2021.jpg

Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РСМ во 2018 и 2019 година спроведе платени обуки за оџачари на невработени работоспособни лица. Обуката траеше три месеци и се одвиваше во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“, коешто се планира да стане државен тренинг центар за идните оџачари.

За потсетување, Градот Скопје доделува субвенции за исчистените оџаци и во 2018, 2019 и 2020 година беа доделени околу 1000 субвенции, a Јавниот повик  годинава трае до 30.11.2021 година, и ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“, односно до исцрпување  на средствата во износ од  милион денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2021 година.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава