Шилегов: „Новата висока скала беше клучна за брзото гасење на пожарот на катната гаража“

„Благодарение на брзата интервенција на скопските пожарникари екипирани со новата 45 метарска повеќенаменска противпожарна скала, пожарот што вечерва избувна во ресторанот Рагуза на покривот во катната гаража „26 Јули" беше изгасен во најбрз можен рок“ - објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

shilegov-novata-visoka-skala-beshe-kluchna-za-brzoto-gasenje-na-pozharot-na-katnata-garazha-01.jpg

„Употребата на специјалната противпожарната скала беше клучно за брзо локализирање и ефикасно гаснење на пожарот на висока локација, а со тоа е спречено и негово проширување низ долните катови од катната гаража и предизвикување огромна материјална штета. Човечкиот живот нема цена и затоа безбедноста на нашите сограѓани ја ставивме на прво место, а перформансите на новата повеќенаменска противпожарна скала значат многу спасени животи и на нашите сограѓани, но и на хероите на градот, припадниците на скопската противпожарна бригада“, продолжува во објавата градоначалникот.

Противпожарното возило опремено со висока скала за гасење на пожари во високи објекти беше набавена годинава по цена од близу 1,7 милиони евра, заради што опозицијата негодуваше со тврдење дека градот Загреб за истото возило платило помалку. Од Град Скопје рекоа дека поради дополнителната опрема постои извесна разлика во цената, негирајќи сомнителност во набавката.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Марија и Бојан од Eye Cue направија свадба, откако открија дека чекаат дете – бремената невеста блес... Пред неколку дена објавија забавно видео и открија дека чекаат дете, а вчера Мар...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...

Најчитани неделава