Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Со нова иновативна опрема Водно заштитено од пожари

Скопје, 20.08.2021 година - Скопските пожарникари придружувани од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска изведоа показна вежба за гасење шумски пожар со помош на специјална опрема за гасење ваков тип пожари.

so-nova-inovativna-oprema-vodno-zashtiteno-od-pozhari-01.JPG

Опремата се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили. На избрана локација на врвот на Водно единиците на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ покажаа како се гаси запалена нискостеблеста шума со помош на специјалната опрема и специјален адитив со кои за кратко се ограничува ширењето на огнот и се гаси пожарот.

so-nova-inovativna-oprema-vodno-zashtiteno-od-pozhari-03.JPG

Се наоѓаме на падините на нашето Водно со цел Градот Скопје да демонстрира дел од новонабавената опрема која што ја користат единиците на Противпожарната бригада и одговорните од ЈП „Паркови и зеленило“ за одржување на Водно, а која е ефикасна при гасење на евентуалните шумски пожари.

Дел од оваа опрема Противпожарната бригада ја користеше и при интервенциите што ги имаше ширум државата во екот на големите шумски пожари и токму ефикасноста која што можевте да ја видите придонесе тие шумски пожари да не се рашират – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

so-nova-inovativna-oprema-vodno-zashtiteno-od-pozhari-04.JPG

Важно е да се потенцира дека за гасење шумски пожари БППЗ од сега ќе користи и специјален иновативен адитив за гасење пожари на отворено, произведен од македонската компанија ВТ Продакшн, која го произведе овој иновативен производ со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој и потоа го донираше за потребите на Противпожарната бригада. Станува збор за адитив кој што се додава во водата за гасење пожари и има уникатна способност да ја зголемува вискозноста и лепливоста на водата која останува на вегетацијата, што го прави процесот на гасење и контрола на шумските пожари многу поефикасен.

so-nova-inovativna-oprema-vodno-zashtiteno-od-pozhari-05.JPG

Шилегов денеска упати апел до граѓаните да се придржуваат кон забраната за движење во шумските предели која беше воведена во текот на овие топли летни месеци, за да се заштитат од пожари заштитените подрачја Водно и Матка.

Во периодот од 26.07 до 16.08 на целата територија на Република Северна Македонија имало 106 пожари, а на територија на Град Скопје во периодот од 1 до 15 август имаше 129 пожари. Тоа значи дека на територија на Град Скопје имало повеќе интервенции, од кои 90 се на отворен простор, но ниту еден од нив не беше вон контрола, ниту пак побаравме помош од страна.

Интервениравме секаде каде што можевме да интервенираме и секаде каде што беше побарана помош од нас, од пожарот во Старо Нагоричане на 2 август до последниот пожар во Пехчево и Делчево. Има институции кои ќе кажат дали пожарот е подметнат или не, но од нашето искуство се гледа дека причинител е човечки фактор – објасни денеска командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски.

so-nova-inovativna-oprema-vodno-zashtiteno-od-pozhari-02.JPG

Опремата за справување со евентуални шумски пожари на територијата на планинскиот појас од Водно до Матка е набавена во рамките на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, кој е финансиран од Европската Унија, а се реализира од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

so-nova-inovativna-oprema-vodno-zashtiteno-od-pozhari-06.JPG

so-nova-inovativna-oprema-vodno-zashtiteno-od-pozhari-07.JPG

so-nova-inovativna-oprema-vodno-zashtiteno-od-pozhari-08.JPG

so-nova-inovativna-oprema-vodno-zashtiteno-od-pozhari-9.JPG

Би можело да ве интересира:

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Јован е нашиот херој од реалноста! 19-годишно момче влегло во пожарот во Кочани за да си ги спаси др... „Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш. За твојата храброст, хуманост, емпатија...
Иле - возачот на Итната помош од Кочани е нашиот херој среде оваа темнина: „Горди сме што те имавме!... „Што да се напише за тебе е премалку. Човек планина, човек со срце, душа човек к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg