Набавени над 130 комунални возила и автобуси во еден мандат на Шилегов

Градот Скопје денеска ги презентираше комуналните возила и автобуси кои беа набавени во изминативе четири години за потребите на јавните градски претпријатија.

nabaveni-nad-130-komunalni-vozila-i-avtobusi-vo-eden-mandat-na-shilegov-01.jpg

На паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ можеа да се видат возила за јавен транспорт, како и различна механизација за одржување на јавното зеленило, за подигање на комуналниот отпад, за одржување на водоводната и канализациската мрежа, за одржување на сообраќајните површини и механизација за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

„Денеска претставуваме дел од набавената механизација за градските јавни претпријатија. Велам дел, затоа што најголемиот скопски паркинг е премал да ја прими целокупната мехaнизација која ние како Град Скопје и како јавни претпријатија успеавме да ја набавиме во овој, скоро четиригодишен период со цел да го подобриме квалитетот на услугите на градот и да покажеме и докажеме што е всушност приоритетот во трошењето на градските буџетски пари. Јавните претпријатија ЈСП, „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Дрисла“ и „Градски паркинг“ заедно, за изминативе 4 години имаат набавено над 130 нови возила. Имајќи предвид дека завршува набавката за нови комбиња во ЈСП и во ЈП „Лајка“ можеме да кажеме дека за еден мандат купивме над 150 нови комунални возила. ЈСП Скопје е побогато за 33 нови МАН автобуси, од кои единечни се 21, а зглобни се 12. Ова се едни од најквалитетните светски автобуси, односно кога ја купуваме механизацијата мислиме на тоа да го одбереме тоа што е најдобро за скопјани“ – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, на презентацијата.

nabaveni-nad-130-komunalni-vozila-i-avtobusi-vo-eden-mandat-na-shilegov-03.jpg

Поточно, јавните градски претпријатија ЈСП, „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена,“ „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Дрисла“ и „Градски паркинг“ заедно со Противпожарната бригада за изминативе речиси 4 години се побогати за вкупно 134 нови возила и механизација, согласно со специфичните потреби за секоја дејност. Така, „Комунална хигиена“ во изминатиот четиригодишен период има набавено вкупно 51 ново возило. Тука влегуваат 29 камиони за собирање отпад од садови со различен капацитет и вид на отпад, 5 автоцистерни, 5 самоподигнувачи, 10 метларки за чистење на јавни површини и 2 киперa.

nabaveni-nad-130-komunalni-vozila-i-avtobusi-vo-eden-mandat-na-shilegov-04.jpg

„Кога дојдов јас за градоначалник јавното претпријатие „Комунална хигиена“ имаше 7 прскалки и една дефектна. Во овој момент располагаме со 20-на возила за миење на улиците“ – рече Шилегов.

nabaveni-nad-130-komunalni-vozila-i-avtobusi-vo-eden-mandat-na-shilegov-05.jpg

За „Водовод и канализација“ за истиот период набавени се вкупно 21 возило од кои 2 цистерни под притисок, 2 цистерни на вакуум, 2 теренски возила, 11 товарни возила, 2 градежни машини – комбинирани и 2 пумпи за канализација.

„Улици и патишта“ за 4 години е побогато за 14 возила, од кои 7 товарни возила, 1 товарно возило со корпа, 5 валјаци и 1 нисконосечка приколка.

„Паркови и зеленило“ за истиот период има набавено 7 нови возила од кои 1 камион за собирање отпад, 1 кипер, 1 товарно возило, 1 мал утоварувач, 1 ровокопач и 2 четирицикли.

„Градски паркинг“ е побогат за 5 возила – пајак и 1 машина за чистење снег.

„„Дрисла“ ја вративме во Скопје. Во изминатиот период „Дрисла“ финансиски ја консолидиравме, но успеавме да набавиме и нови 2 теренски возила. И, за крај, она што е најдобро меѓу комуналните возила, тоа е противпожарната скала – прва ваква опрема на територијата на нашата држава, но и прво вакво возило кое што Градот го има купено со свои средства. Напоменувам дека целокупната комунална инфраструктура е набавена исклучиво со градски средства. Не е набавена со помош на ниту една власт, не е набавена ниту со донација. Нашите јавни пари не ги трошиме на нефункционални трошења – на нефункционални автобуси, на коњи, кочии, стиропори, споменици и мермери, нашите градски пари ги трошиме за вистинските приоритети, за вистинските потреби на градот Скопје. Скопје има потреба од поефикасен сообраќај и за поефикасна комунална хигиена, за уредување на новото зеленило и токму заради тоа наши приоритети во изминатиов период, но и во периодот што ни претстои ќе биде токму тоа“ – подобрување на инфраструктурата, подобрување на условите за работа и поевтинување на услугите кои што ги даваат јавните претпријатија – нагласи денеска градоначалникот Петре Шилегов.

nabaveni-nad-130-komunalni-vozila-i-avtobusi-vo-eden-mandat-na-shilegov-02.jpg

По презентацијата на новите комунални возила, меѓу другото, на градоначалникот Шилегов му беше упатено новинарско прашање дали во својот мандат набавил ново службено возило за лични потреби.

„Јас се возам во „пасат“ стар 10 години со поминати околу 200.000 километри. Не е приоритет на Градот, не е приоритет на градската управа градоначалникот да купува службено возило за своите потреби. Напротив, приоритет на Градот е да ги трошиме јавните пари токму за комуналната инфраструктура во нашиот град“ – рече Шилегов.

На презентацијата на комуналните возила и автобуси денеска присуствуваа и директори на јавните градски претпријатија, вработени во претпријатијата, претставници од Бригадата за противпожарна заштита, советници и граѓани.

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Браво: Македонски средношколци добија 3 бронзени медали на Интернационална олимпијада по хемија Петар Мирчевски од Прилеп, Марио Ванчоски од Штип и Филип Бојаџиевски од Скопје ...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Бајковито запросување на Македонка во Париз со поглед на Ајфеловата кула - двајцата се од Ресен, тој... Костадин и Ерика се од Ресен, но животот ги однел на различни страни – неа во Ам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg