Се отвора „Бостание“ - првата урбана градина во Скопје

Скопје, 25.08.2021 година - Првата урбана градина во Скопје, сместена во паркот во Ново Лисиче, од денеска ги отвора вратите за посетители.

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-01.JPG

Градината „Бостание“ е работена согласно со проектот на здружението на граѓани „Зелена Арка“, реализиран со финансиска поддршка на Град Скопје, а во соработка со Општина Аеродром, ЈП „Паркови и зеленило“, Шумарскиот факултет, Градежниот институт и повеќе општествено одговорни компании.

Овој проект претставува уште еден придонес кон остварувањето на концептот за отпорен град, односно приспособување кон климатските промени и зајакнување на урбаната отпорност на Скопје. За реализација на овој проект предвидени се 2 милиони денари финансиска поддршка од Буџетот на Град Скопје.

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-02.JPG

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-03.JPG

Урбаното градинарство кое зема се поголем замав во  градовите низ светот има за цел дружење и зближување на граѓаните преку претворање на јавните површини во градини, односно во оази за производство на здрава храна преку споделување на искуствата и одговорностите. Одржливоста на урбаните градини е заснована на примена на дизајн на самиот терен, при што се земаат предвид сите елементи како што се: микроклимата, геологијата на теренот, искуствата на заедницата во одгледувањето на различните градинарски култури, снабдувањето со вода, електрична енергија, пристапни патишта и друго.

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-04.JPG

Успешната изведба и одржување на првата урбана градина преку заедничкото делување на локалната самоуправа и граѓаните ќе биде поттик за граѓански иницијативи за уредување вакви урбани градини и на други погодни локации во Скопје. На тој начин, покрај поголемото учество на граѓаните во креирањето на поотпорна и поздрава животна средина и соработката со локалната власт, како и преку личната и споделената одговорност за одржување на градините и поголемото чувство за припадност кон заедницата, ќе се обезбедат поголем број на микроклиматски оази кои ќе ги задоволат рекреативните или едукативните потреби на скопјани.

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-05.JPG

Значајно е да се нагласи дека е обезбедена и практична обука за одржливо градинарство на учесниците на заедницата, граѓани-градинари, од страна на стручен кадар од таа област.

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-06.JPG

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-07.JPG

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-08.JPG

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-09.JPG

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-10.JPG

se-otvora-bostanie-prvata-urbana-gradina-vo-skopje-11.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...

Најчитани неделава