Реконструкција на страничното зеленило на булеварот Партизански одреди во Карпош

Скопје, 30.08.2021 година - На барање на жителите на Општина Карпош Градот Скопје ќе го обнови зеленилото на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Московска  до крстосницата со улицата Париска.

rekonstrukcija-na-stranichnoto-zelenilo-na-bulevarot-partizanski-odredi-vo-karposh-01.JPG

- Градот Скопје денеска почнува со есенската акција за обновување на зеленилото во нашиот град. Почнуваме овде на булеварот Партизански одреди, на потегот од улицата Московска до улицата Париска, на површина од околу 4.000 квадратни метри.

Ова зеленило беше сериозно запуштено, имајќи предвид дека во минатото било само засадено без соодветни системи за одржување. Сега, на оваа површина ставаме целосен систем „капка по капка“ што ќе овозможи развој на вегетацијата и подигнување на стандардите за квалитет на зелените површини, како и одвојување на пешачкиот од велосипедскиот сообраќај – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов.

rekonstrukcija-na-stranichnoto-zelenilo-na-bulevarot-partizanski-odredi-vo-karposh-02.JPG

Тој нагласи дека за Градот Скопје урбаната мобилност, алтернативните начини на движење и зазеленувањето на градот немаат алтернатива.

- Оваа есенска акција за зазеленување ќе се одвива до крајот на ноември. Градот Скопје само оваа година има обновено и подигнато нови над 120.000 квадрати зеленило – рече Шилегов.

rekonstrukcija-na-stranichnoto-zelenilo-na-bulevarot-partizanski-odredi-vo-karposh-04.JPG

На денешната прес-конференција присуствуваше и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски.

rekonstrukcija-na-stranichnoto-zelenilo-na-bulevarot-partizanski-odredi-vo-karposh-03.JPG

rekonstrukcija-na-stranichnoto-zelenilo-na-bulevarot-partizanski-odredi-vo-karposh-05.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Мартин и Стефан од Некст Тајм во Рим - со постариот брат наздравуваат со ракија: „Повторна ергенска ... Поради фотографијата на која стои пораката „Повторна ергенска средба во Рим“, но...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...

Најчитани неделава