Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Почна учебната 2021/22 година во средните училишта во Скопје - за првпат италијанска паралелка во гимназијата „Никола Карев“

Скопје, 01.09.2021 година - Градоначалникот Петре Шилегов и министерката за образование, Мила Царовска денеска ги посетија средношколците во гимназијата „Никола Карев“, на почетокот на новата учебна година.

pochna-uchebnata-2021-22-godina-vo-srednite-uchilishta-vo-skopje-za-prvpat-italijanska-paralelka-vo-gimnazijata-nikola-karev-01.JPG

На сите ученици, професори и родители тие им пожелаа многу успеси во учењето и во нивниот личен и професионален развој.

- Дозволете ми на сите околу 22.500 средношколци во Скопје да им пожелам успешен старт и успешен тек на новата учебна година, учебна година во која децата се враќаат во клупите по пауза од година и пол. Очекувам дека со заеднички сили ќе успееме децата да ја завршат учебната година во училишните клупи.

Градот Скопје во сите 23 средни училишта со кои што раководи, во соработка со Министерството за образование и со Министерството за здравство, ги презема сите неопходни мерки кои ќе гарантираат безбедна посета на наставата. Разговараме и со децата и тие да придонесат да го зачуваме здравјето и да го спречиме ширењето на ковид вирусот – рече денеска градоначалникот Шилегов.

pochna-uchebnata-2021-22-godina-vo-srednite-uchilishta-vo-skopje-za-prvpat-italijanska-paralelka-vo-gimnazijata-nikola-karev-02.JPG

Тој изрази задоволство од отворањето на паралелка во гимназијата „Никола Карев“ која ќе изучува италијански јазик, како трет јазик во наставата.

- Станува збор за група од 23 деца кои се запишани во прва година, кои во две смени ќе ја посетуваат оваа настава и кои на крајот на своето образование ќе се стекнат со Б2 сертификат за познавање на италијанскиот јазик – објасни Шилегов.

pochna-uchebnata-2021-22-godina-vo-srednite-uchilishta-vo-skopje-za-prvpat-italijanska-paralelka-vo-gimnazijata-nikola-karev-05.JPG

Италијанска паралелка се отвора за прв пат во нашата земја, на иницијатива на средното училиште „Никола Карев“, а со поддршка на Град Скопје и Амбасадата на Италија. Запишаните ученици ќе го изучуваат италијанскиот јазик со 6 часа неделен фонд. Тие ќе имаат прилика да изучуваат италијанска книжевност, култура, историја и уметност, а по завршувањето на четиригодишното образование ќе се стекнат со сертификат за познавање на јазикот со ниво Б2. На тој начин на учениците кои следеле настава во италијанската паралелка им се овозможува полесно да се запишат на некои од универзитетите во Република Италија.

pochna-uchebnata-2021-22-godina-vo-srednite-uchilishta-vo-skopje-za-prvpat-italijanska-paralelka-vo-gimnazijata-nikola-karev-04.JPG

Градот Скопје очекува интересот за настава на италијански јазик во иднина да се зголеми поради фактот што во основните училишта на територијата на Скопје веќе има интерес за изучување на италијанскиот јазик.

pochna-uchebnata-2021-22-godina-vo-srednite-uchilishta-vo-skopje-za-prvpat-italijanska-paralelka-vo-gimnazijata-nikola-karev-06.JPG

Министерката Царовска денеска порача дека е многу значајно секој поединец кој што во моментов е во некаква конекција со системот на образование да биде одговорен, зашто мала неодговорност може да придонесе одредени училишта да треба да го променат моделот на функционирање.

- Во највисок интерес на сите ученици, а со тоа, во највисок интерес за иднината на државата е учениците да учат со физичко присуство и да ги почитуваат протоколите - рече Царовска.

pochna-uchebnata-2021-22-godina-vo-srednite-uchilishta-vo-skopje-za-prvpat-italijanska-paralelka-vo-gimnazijata-nikola-karev-07.JPG

На денешната посета на гимназијата „Никола Карев“ присуствуваше и амбасадорот на Италија во нашата земја, Андреа Силвестри.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg