Илина Арсова во Еквадор се искачува на еден од највисоките активни вулкани во светот (фото)

„Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор уште учам“ – напиша Илина Арсова до фотографиите од експедицијата за искачување на вулканот Котопакси.

ilina-arsova-se-iskachuva-na-eden-od-najvisokite-aktivni-vulkanski-vrvovi-vo-svetot-foto-01.jpg

Илина Арсова во моментов се наоѓа во Еквадор каде го искачува Котопакси, еден од највисоките активни вулкани во светот (5.911m), чиј врв постојано е покриен со мраз.

Таа со своите следбеници на Инстаграм сподели повеќе фотографии од кои може да се види како изгледа овој нејзин подвиг, а до фотографиите напиша:

„Во Македонија можеби сум кралица на планините, но овде во Еквадор само може да видам уште колку многу имам да учам“ – напиша таа меѓу другото и се заблагодари на луѓето од нејзиниот тим, што како вели секојдневно ги поместуваат границите познати во планинарењето.

Инаку, Илина Арсова е првата Македонка која успеала да ги искачи седумте највисоки врвови на седумте континенти. Во 2019-тата година, таа се искачи на врвот Винсон на Антартик со што ја заврши мисијата „седум врвови“.

Дополнително, Илина во 2006-тата година го искачила Монблан, а во 2013-тата година стана првата жена од Македонија што го искачила Монт Еверест.

Погледнете повеќе фотографии од нејзиниот најнов подвиг во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Миа Костова: „Верувам во Господ, вербата не е снимање крстови и миси во цркви - тоа е интима“ „Се каам за неколку работи кои не вклучуваат интервенции, на пример, некои тетов...
„Детето ангел“ - Емотивни објави на родителите на Фросина Кулакова за нејзиниот роденден, денес ќе н... Трогателни зборови полни болка испратија Камелија и Тодор Кулакови на роденденот...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава