Започнува четвртото издание на меѓународниот фестивал на светлина Skopje Light Art District

На вкупно 15 локации, од шалтер салата на Пошта до Градскиот парк, 25 светлосни дизајнери и уметници по четврти пат на Скопје и скопјани ќе им ја претстават магијата на светлосната уметност, во рамки на фестивалот Skopje Light Art District.

zapochnuva-chetvrtoto-izdanie-na-megjunarodniot-festival-na-svetlina-skopje-light-art-district-01.jpg

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорот на ЈУ Универзална сала и извршен продуцент на фестивалот, Филип Аврамчев и уметничката директорка на SkLAD 2021, Александра Стратимировиќ, го најавија почетокот на 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светлина, Skopje Light Art District.

„Четвртото издание на Меѓународниот фестивал на светлосната уметност Skopje Light Art District, меѓу скопјани попознат како Фестивалот на светлината, оваа година поради 30 годишнината од македонската независност, симболично започнува на 8-ми септември. Замислата на фестивалот е да внесе малку светлина и боја во секојдневието кое го сите го живееме и да ни ја покаже убавата, шареноликата страна на животот“ - изјави градоначалникот Шилегов.

zapochnuva-chetvrtoto-izdanie-na-megjunarodniot-festival-na-svetlina-skopje-light-art-district-05.jpg

На вкупно 15 локации, од шалтер салата на Пошта до Градскиот парк, 25 светлосни дизајнери и уметници по четврти пат на Скопје и скопјани ќе им ја претстават магијата на светлосната уметност. 

zapochnuva-chetvrtoto-izdanie-na-megjunarodniot-festival-na-svetlina-skopje-light-art-district-02.jpg

Skopje Light Art District како проект потекнува од ROCK проектот, дел од Хоризонт 2020 програмата на ЕУ, наменета за истражување и иновации, каде градот Скопје е вмрежен и разменува искуства со уште 11 други градови од Европа. Фестивалот црпи директна инспирација од најстариот фестивал на светлосна уметност, Fête des lumières кој секоја година се одржува во Лион, Франција и датира од далечната 1643-та година.

zapochnuva-chetvrtoto-izdanie-na-megjunarodniot-festival-na-svetlina-skopje-light-art-district-08.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава