Велосипедско дефиле низ Скопје по повод Денот без автомобили

Скопје, 22.09.2021 година - Голем број граѓани на велосипеди се вклучија во големото велосипедско дефиле што денеска се возеше по улиците на Скопје, по повод Денот без автомобили - 22 септември и крајот на Европската недела на мобилност 2021.

velosipedsko-defile-niz-skopje-po-povod-denot-bez-avtomobili-01.JPG

Дефилето во кое учествуваше и градоначалникот Петре Шилегов тргна од паркот „Ибни Пајко“ и се движеше низ градските улици до целта на Школката во Градскиот парк, каде што се одржа лотарија и музички хепенинг.

velosipedsko-defile-niz-skopje-po-povod-denot-bez-avtomobili-02.JPG

Градот Скопје годинава по 11.пат се придружи на градовите кои ја одбележуваат Европската недела на мобилноста со богата агенда исполнета со квалитетни содржини за промоција на пешачењето, велосипедизмот и користењето на јавниот превоз како одржливи форми на урбана мобилност. Во периодот од 16 до 22 септември во рамките на оваа недела се организираа низа настани – се одржаа повеќе онлајн работилници со ученици од основното и средното образование за промоција на мерките за постигнување на одржливата урбана мобилност, а се организираа и повеќе активности за промоција на развојот на мрежата на велосипедски и пешачки патеки во градот која се зголемува во просек за околу 14 километри годишно, со што велосипедската мрежа во Скопје годинава надмина 110 километри.

velosipedsko-defile-niz-skopje-po-povod-denot-bez-avtomobili-03.JPG

velosipedsko-defile-niz-skopje-po-povod-denot-bez-avtomobili-04.JPG

velosipedsko-defile-niz-skopje-po-povod-denot-bez-avtomobili-07.JPG

Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Безбедно и здраво со одржлива мобилност“, а во нејзиното одбележување се вклучија над 2.700 градови од над 50 држави од Европа и од светот.

velosipedsko-defile-niz-skopje-po-povod-denot-bez-avtomobili-08.JPG

Годинешната кампања организирана под мотото „Движи се одржливо, остани здрав“ има за цел да оддаде почит на справувањето со пандемијата со КОВИД-19 и да фрли едно поинакво светло на можностите кои произлегоа од оваа досега невидена здравствена криза. Градовите низ светот воспоставија креативни одговори на пандемијата заради што оваа година, Европската недела на мобилноста ја слави издржливоста на градовите и нивните достигнувања во обид да ја пребродат кризата што е можно побезболно.

velosipedsko-defile-niz-skopje-po-povod-denot-bez-avtomobili-09.JPG

velosipedsko-defile-niz-skopje-po-povod-denot-bez-avtomobili-10.JPG

velosipedsko-defile-niz-skopje-po-povod-denot-bez-avtomobili-11.JPG

velosipedsko-defile-niz-skopje-po-povod-denot-bez-avtomobili-12.JPG

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...

Најчитани неделава