Игор Џамбазов со емотивна објава за мајка му: „24 години без Анче - некои луѓе просто не умираат“

„Понекогаш ќе ми се појави во сонот, убава како на оваа фотка. Ќе ми ја исчисти собата, ќе ми ја испегла кошулата за настап, ќе ми направи полнети пиперки...“, започнува Игор Џамбазов за својата непреболена Анче. Плус, фотки од неговата сестра која обожава лавови, тигри и главна цел ѝ е заштита на животинскиот свет и планетата целокупно.

igor-djambazov-so-emotivna-objava-za-majka-mu-24-godini-bez-anche-nekoi-lugje-prosto-ne-umiraat-01.jpg

Саканите заминуваат, но тие живеат сè додека за нив е жив споменот во нас. Па, така е и со мајката на Игор Џамбазов, неговата никогаш преболена Анче.

Денес (30.09) се навршија 24 години од нејзината смрт, а по тој повод Игор се потсети на драги спомени.

Неговата објава гласи:

„24 години без Анче...
Понекогаш ќе ми се појави во сонот, убава како на оваа фотка.

Ќе ми ја исчисти собата, ќе ми ја испегла кошулата за настап, ќе ми направи полнети пиперки, и на крајот ќе ме искара што пушам.
Со цигарата во уста. Тука си е Анче.

Некои луѓе просто не умираат...“

Но, во животот на Игор Џамбазов, покрај мајка му и саканата Илина Арсова, има уште една жена која има клучна улога, а таа е неговата сестра Татјана.

На 7-ми септември тој посвети емотивна објава и по повод роденденот на Татјана, која веќе долги години не живее во Македонија.

Инаку, Татјана за себе вели дека е вљубеник во животните и природата и постојано порачува дека сите мора малку поодговорно да се однесуваме кон планетата.

Објавата на Игор по повод роденденот на неговата сестра:

„Кога пред 30 години си замина од дома, сфатив дека Македонија е премала за тебе. Сега тоа го мислам и за светот.

Среќен ти роденден, систер!“

Повеќе фотки од Инстаграм профилот на сестрата на Игор Џамбазов на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава