800 скопски средношколци и наставници ќе бидат дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“

Скопје, 06.10.2021 година - Во 23 средни училишта на Град Скопје деновиве ќе започне реализацијата на третиот циклус тримесечни онлајн курсеви за изучување на албанскиот, македонскиот и турскиот јазик.

800-skopski-srednoshkolci-i-nastavnici-kje-bidat-del-od-proektot-zboruvam-na-jazikot-na-mojot-drugar-01.JPG

Курсевите се наменети за ученици и наставници, а истите се дел од проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ предвиден во Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост и во Програмата за активности на Град Скопје од областа на образованието за 2021 година.

Со оваа активност ќе бидат опфатени вкупно 825 наставници и ученици, дел од нив ќе следат почетни курсеви, а дел продолжителни.

Согласно со искажаниот интерес:

- 296 ученици и 8 наставници ќе следат почетен курс за изучување на македонскиот јазик;

-148 ученици и 49 наставници ќе следат почетен курс за изучување на албанскиот јазик, додека 5 ученици и 14 наставници ќе следат продолжен курс;

- 251 ученици и 36 наставници ќе посетуваат почетен курс за изучување на турскиот јазик, додека 16 ученици и 2 наставници ќе следат продолжен курс;

800-skopski-srednoshkolci-i-nastavnici-kje-bidat-del-od-proektot-zboruvam-na-jazikot-na-mojot-drugar-02.JPG

Со посетување на курсевите младите ќе имаат можност да стекнат основни познавања на јазикот на кој зборуваат нивните соученици, што ќе придонесе за нивна јазична социјализација. Проектот има за цел стимулирање на училишните заедници да градат и развиваат позитивни интеракции помеѓу учениците и наставниците од различни етнички заедници и ги следи принципите на владината Стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

Курсевите ги држат наставници вработени во средните училишта, а истите се логистички и финансиски поддржани од Град Скопје.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Градскиот парк во Скопје е сцена од бајка во пролет (фото) Убавината е во очите на набљудувачот, а таков поглед на светот има нашата читате...

Најчитани неделава