„Совршенство што не се доловува со слика“ - македонските инфлуенсерки уживаат на Сејшели (фото)

„Првиот впечаток за Сејшели? Не можам да се изнагледам и изнауживам со каква флора, природа, кристално чиста вода изобилува оваа земја. Совршенство што не се доловува со слика, треба да се искуси“, вели една од македонските инфлуенсерки.

sovrshenstvo-shto-ne-se-dolovuva-so-slika-makedonskite-influenserki-uzhivaat-na-sejsheli-foto-001 (1).jpg

Сејшелите, официјално Република Сејшели или позната и како Сејшелски Острови, е островска држава во Индискиот Океан. Државата е всушност архипелаг од 115 острови кои се наоѓаат на 1.500 километри оддалеченост од копното на Африка, или поточно североисточно од Мадагаскар.

Вкупната површина на Сејшелите изнесува 451 километар квадратен каде живеат околу 84.000 жители, што ја прави најмала држава во Африка по бројот на население.

Меѓутоа оваа држава изобилува со спектакуларна природа и незаборавни плажи.

makedonskite-influenserki-uzhivaat-na-sejsheli-tuna-na-skara-rajski-plazhi-foto-03.jpg

Токму на оваа рајска дестинација периодов уживаат неколку македонски инфлуенсерки.

Моника Потер на својот Инстаграм профил покажа како изгледаат сејшелските банкноти, но и како уживаат со приготвување туна на скара.

makedonskite-influenserki-uzhivaat-na-sejsheli-tuna-na-skara-rajski-plazhi-foto-08.jpg

makedonskite-influenserki-uzhivaat-na-sejsheli-tuna-na-skara-rajski-plazhi-foto-09.jpg

Јелена Спенџарска вели: „Ако некогаш сум била пресреќна и преисполнета со работата која ја работам и општо, од сопствениот живот, денес беше тој ден. Сериозно се обидувам да најдам зборови да можам да напишам долг пост за првиот ден на ова магично место, но НЕ! За некои слики, места и доживувања НЕ СЕ ПОТРЕБНИ ЗБОРОВИ! Можете само да замислите какво е во живо.“

makedonskite-influenserki-uzhivaat-na-sejsheli-tuna-na-skara-rajski-plazhi-foto-05.jpg

Александра Шијакоска откри дека организирале бротче и ручек на дива плажа за да можат да го видиме вистинскиот дух на островот, а пак Моника Потер вели: „Првиот впечаток за Сејшели? Не можам да се изнагледам и изнауживам со каква флора, природа, кристално чиста вода изобилува оваа земја. Совршенство што не се доловува со слика, треба да се искуси!“

Фотки од Сејшелите од македонските инфлуенсерки:

Марис

Јелена Спенџарска

Aлександра Шијакоска

Моника Потер

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на Јелена Спенџарска: „Си купив стан со свои пари, ми се случија преубави работи, а не знам ... „Јас луѓе си купив стан со свои пари пред неколку години. Значи цел живот сум ме...
Јелена Спенџарска се потсети на првото интервју со ДНК во 2010-та: „Андреј и Панчо беа ЕДНО, многу с... „Се сеќавам јас имав трема кога седнавме на маса и им го кажав тоа (дека првпат ...
Јелена Спенџарска и Марис беа во кафуле во Египет каде што одат локалци - Мораа да се соблечат боси ... „Одиме во традиционално кафуле во Хургада, не каде што одат туристи, туку каде ш...
Јелена Јованова прослави 10 години во брак, Лара Иванова го покажа дечкото: Што прават нашите ѕвезди... Бока Конга сподели неколку фотки од плажа и го покажа мускулестото тело, а фотог...
Јелена Спенџарска за зрелоста: „Не одам на настани ако нема каде да седнам, не се оправдувам никому“ „Кога станав човек што се радува на тенџериња и украси за дома? Возрасноста ме и...
„Прекрасно!“ - Јелена Спенџарска долови колку убав град е Прилеп - прилепчани трогнати (видео) „Браво за видеото! Никој досега не го претставил Прилеп вака убаво! Ти благодари...

Најчитани неделава