Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Мирисот на липите на ЈНА, Езерце: Емотивни исповеди на скопјани - „Зошто го сакав старо Скопје?“

„Љубезноста на луѓето, нивната ведрина, расположението и сè она што замина и нема да се врати, а тоа е – младоста!“ – Милена Пашовска

View this post on Instagram

A post shared by Retro Skopje (@retroskopje)

„Јас старо Скопје со ова новово, го споредувам со две девојки... Едната природна, едноставна, убава, ненашминкана, чиста, уредна, културна, скромна, а другата, сегашнава, нашминкана, надуена со силикони, вештачка, некултурна, накитена како шарен папагал од Амазон... Па бирајте, која е поубава и која има душа,а која е бездушна...која има градска култура, а која нема, кое е старо Скопје, а кое е новово!“ – Наум Попески

„Секој го носи во себе старото Скопје, широкиот плоштад, зеленилото, корозото, паркот Кермес, Опатија, Нама...“ – Вера Вуканска

„Плажите на кривина и на базенот во Сарај, партизанска, железничката станица, плоштадот, корзото, липите и багремите. Незаборавниот татнеж на возовите, љубезноста и хуманоста на жителите, младоста...“ – Спасена Пиперкоска

„По човештината, воспитаните луѓе, убавиот комшиски соживот со сите.... она „Добро утро“, „Добар ден“ и кога ќе сретнеш непознат во маало, детскиот џагор и нашите игри во тоа време, градската плажа со ситен песок, корзото.... Мнооогу има да се набројува. Убав животот беше во тоа наше Скопје.“ – Борјанка Серафимовиќ

View this post on Instagram

A post shared by Retro Skopje (@retroskopje)

„Го сакав старо Скопје бидејќи во него живееја чесни луѓе, домаќини, грижливи за градот, дружељубиви луѓе, пријателски настроени, со коректни соседски односи, со насмевки, со желба да си помагаат меѓусебно, луѓе без завист и поделеност.“ – Ели Иванова

„Жалам за многу луѓе, култни места и објекти кои веќе ги нема, како и за делови од градот што сега се во видоизменета форма, а сè заедно му даваа неповторлив шмек и душа на градот.

Многу се за набројување, но еве дел: маалските дружења, песните и смеата кои се слушаа од домовите на семејствата во кои почест гостин беше радоста отколку тагата, липите од мојата улица (ЈНА), корзото, продавниците кои веќе ги нема, плажите на Вардар и Треска, Кермес, Езерце и Опатија, Коктел бар во Центар и паркчето пред него итн.“ – Љубица Шемкоска

„Останува тага во душата за Скопје и мирисот на липите, корзото, скромниот, но достоинствен живот, комшиите и муабетите, летот на малите авиони и детските радости „Чичко пушти летки“, прскалката по улиците во попладневните часови и облак сив прав со деца кои трчаат по цистерната, градскиот парк и пролетните алеи со љубичици, дивите костени со цветот пред Пелистер, топлиот бурек, шаренилото на пазарите, готвењето зимници и маалските фурни каде со искри во очите ги гледавме готовите тави кои мирисаа прекрасно, Народниот Театар, Малото мовче, Офицерскиот Дом и Банката - импозантни градби, Бит пазар и врвулицата, да се застане и да се чека во ред за дрва или јаглен.

Потоа малите кројачки дуќани - Анегелковски и многу други, балетанките кај Сигеров, Женска Гимназија - преубави млади и радосни ликови во задолжителните црни кецељи со стотици модели на бели крагнички, игранките во Женска гимназија, задолжителните фотографии на крајот на учебната година со класните раководители, Матурските таблоа изложени, Поштата и амамот карши неа, Кино Младина и детскиот театар, Џеваира со илјадници прстени и алки накитена, нашиот скопски Тарзан...“ – Снежана Пановска

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Тијана Дапчевиќ со сопругот и синот на свадба во Скопје, друштво им правеа Тамара Тодевска и мајка и... „Сите сте убави и имате заразна насмевка“ – коментираат дел од следбениците на с...
Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и ... „Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку ...
Драгица од Скопје и Марк од Бејрут направија волшебна свадба во Либан: „180 Либанци учеа да играат П... „По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк с...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
Локал во близина на Демир Хисар со патки, лебеди, езерце и рурален амбиент е зелена оаза на мирот (ф... Со рурален шмек, среде прекрасна природа, далеку од градската врева... Овој лока...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg