Ивона Јо сподели фотки со лузните од операцијата: „Секој месец славам нов роденден“

„Веќе подолго време ритуал и мое секојдневие е љубовта и грижата која ѝ е потреба на Ивона. Силно се прегрнувам секој ден и славам ко да утре не постои“ – вели Ивона Јо и додава дека полека почнува да си простува самата на себеси за минатото.

ivona-jo-spodeli-fotki-so-luznite-od-operacijata-sekoj-mesec-slavam-nov-rodenden-01.jpg

Иако многумина тешко би се одлучиле да преземат таков чекор, сепак Ивона Јо пред три месеци се одлучи да направи операција на желудникот, а својот напредок редовно го споделува на социјалните мрежи.

Во три месеци Ивона Јо успеа да се збогува со 37 килограми, што се дополнителни девет килограми за уште еден месец.

Прочитајте и Ивона Јо, 2 месеци по операцијата: „28 килограми си заминаа и го напуштија моето тело засекогаш“

Како што вели, на секои 26-ти го слави својот нов роденден, а три месеци по операцијата таа објави фотографија и со лузните од операцијата, а во описот на објавата напиша:

„Една од најважните работи која не сум ги знаела за себе е огромната потреба за љубов која секојдневно сум ја имала, а ниту еднаш вистински не сум си ја пружила.

Веќе подолго време ритуал и мое секојдневие е љубовта и грижата која и е потреба на Ивона. Силно се прегрнувам секој ден и славам ко да утре не постои …

Затоа и секој 26-ти датум од месецот велам дека ми е роденден. Нов роденден. Нова јас.

И да, почнувам да ѝ простувам на Ивона. Ивона која не знаела зошто а ни како.

Ивона поради која денес јас сум ова што сум.

Те сакам“.

ivona-jo-spodeli-fotki-so-luznite-od-operacijata-sekoj-mesec-slavam-nov-rodenden-02.jpg

Инаку, ноември беше значен месец за Ивона и поради тоа што дипломира на Природно-математичкиот факултет, на катедрата за Нутриционизам, а повторно се врати и на музичките настапи.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

https://www.instagram.com/tv/CXGaMLujLyk/?utm_source=ig_web_copy_link

 Б. С. Б. | Црнобело/ Фото: Инстаграм Ивона Јо

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg