Елена Стефановска во светкав фустан и впечатливи чевли ја подигна наградата „инфлуенсерка на годината“ (фото)

„Убаво е чувството кога за вас зборуваат во суперлативи. Да бидеме општествено одговорни, наместо да купуваме следбеници. И онака бројот на фанови не е пресуден за нашиот успех.“, вели Елена Стефановска.

elena-stefanovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-vo-makedonija-01.jpg

Елена Стефановска, водителката на „Живот со стил“, веќе години наназад е активна на ТВ екраните, но интензивно работи и на својот Инстаграм профил каде има повеќе од 35.000 следбеници.

Таа постојано споделува фотографии од своите патувања, модни комбинации, како и детали од секојдневието.

Нејзиниот ангажман е препознаен и награден со титулата „инфлуенсерка на годината“. На подигнувањето на наградата таа се појави во впечатливо издание, со светкав фустан и чевли со животински дезен.

Елена ги сподели емоциите за наградата:

„Инфлуенсерка на годината

Благодарам www.zenanagodinata.mk

Убаво е чувството кога за вас зборуваат во суперлативи. Навистина годи кога некој ќе го препознае вашиот професионален и општествен ангажман.

Денес многу лесно се добива публика, но тешко се стекнува доверба. Затоа ова признание не е награда за мене, туку за моите следбеници.

За оние кои низ годините го препознаа мојот искрен пристап и никогаш не ме изневерија.

elena-stefanovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-vo-makedonija-02.jpg

Инфлуенсерка на годината звучи гламурозно, но на овие простори звучи и ризично.

Доказ за тоа е младата српска инфлуенсерка која минатата недела ни покажа дека сајбер насилството никогаш не било поизразено.

Оваа награда и ја посветувам и на Кристина, и на сите оние кои секојдневно се соочуваат со говор на омраза.

elena-stefanovska-ja-dobi-nagradata-influenserka-na-godinata-vo-makedonija-03.jpg

Да бидеме општествено одговорни, наместо да купуваме следбеници.
И онака бројот на фанови не е пресуден за нашиот успех.

Ви благодарам од срце.
Благодарам за неизмерна поддршка од моето момче.
Благодарам до мојот личен фотограф Антонио Станков кој е задолжен за најубавите фотки на Инстаграм.“

Повеќе фотки од неа:

Би можело да ве интересира:

Елена Најдоски ужива со сопругот во Пуља - На вечера во ресторан со Мишелин ѕвезда, марама Dior, јах... Од марама Dior во комбинација со бели очила и мини фустан за пловидбата со јахта...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Сања Николиќ и синот играат - Слаткар ги снима, Елена Велевска во подморница во Охрид: Што прават на... Бока Конга чука на конгите, а Србинките го гледаат со подотворени усти... Низа в...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...
Елена Ристеска прослави 40-ти роденден – блескаше во бел аутфит, Антониа и Весна Бејби пееја, па дув... Антониа Гиговска пее со Роки од бендот на Тоше, Весна Петрушевска пееше песна од...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...

Најчитани неделава