Познатите се збогуваат од маестро Џамбазов: „Каква љубов ширеше, секогаш имаше по некој виц и приказна од својот арсенал“

„Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал“ – вели актерката Весна Петрушевска за познатиот македонски композитор и диригент Александар Џамбазов кој денес почина во 85-тата година од животот.

poznatite-se-prostuvaat-so-maestro-djambazov-sekogash-imashe-po-nekoj-vic-i-po-nekoja-prikazna-od-svojot-arsenal-01.jpg

Со објава на фотографии на социјалните мрежи и емотивни пораки голем број од познатите личности во Македонија се простуваат со Александар Џамбазов.

Александар Џамбазов почина во 85-тата година од животот, а за само една недела, односно на 3-ти февруари требаше да го прослави својот 86-ти роденден.

Во продолжение погледнете дел од објавите на социјалните мрежи:

Каролина Гочева на Инстаграм Стори објави нивна заедничка фотографија на која напиша:

„Што муабет си изнаправивме овде… Почивај во мир наш маестро, кроток и добар чичко Ацо“

poznatite-se-prostuvaat-so-maestro-djambazov-sekogash-imashe-po-nekoj-vic-i-po-nekoja-prikazna-od-svojot-arsenal-02.jpg

Весна Петрушевска објави селфи фотографија на која е заедно со Александар и до која напиша:

„Единствениот маестро за мене во мојот живот, кроток, мил, зборлест, духовит, вечно вљубен во својата Анче, постојано загрижен за своите Тања и Игор…

Што седења сме си имале пред Војна болница кога Игор имаше проблеми со здравјето, колку тајни ми има кажано за македонските пејачи затоа што бев многу љубопитна.

Секогаш имаше по некој виц да ти раскаже и по некоја приказна од својот арсенал. Те сакам мој маестро и треба да си во алејата на великаните без збор!!!“

Александар Митевски на Фејсбук објави нивен заеднички портрет до кој напиша:

„Почивај во мир, драг маестро.

Музиката на сечие детство и младост.“

Драган Спасов Дац исто така имаше кратка објава на социјалните мрежи во која напиша:

„Прекрасен композитор, прекрасен човек.

Почивај во мир маестро.“

Кристина Арнаудова напиша:

„Еден и единствен, Маестро Џамбазов, почивај во мир. Најдобриот, милиот, насмеаниот, прекрасниот Маестро денес се одјави… Каква љубов ширеше каде и да се појавеше! Ти благодариме за сѐ што ни остави Маестро!!!“

Македонскиот оперски пејач Благој Нацоски на својот профил на Фејсбук напиша:

„Почивај во мир и вечна ти слава драг Маестро.

Македонија денес губи добрина, интелигенција, маестралност, но ти ќе останеш бесмртен засекогаш во нашите срца како и целото творештво што ни го оставаш.“

Давид Темелков исто така остави кратка објава на социјалните мрежи:

Драг Маестро.

Годините брзо поминаа и не успеав во живо да ти се заблагодарам! Ти благодарам што ми го одреди патот кој го чекорам, колку и да е трновит, си го сакам, мој е.

Ти го потврди талентот кој го носам, ти ме усмери. И кога бевме на раскрсница, ти се појави случајно да не исправиш. Ќе те носам во најубавите детски сеќавања, како и секое славејче кое за прв пат запеaло со тебе и поради тебе!

Царство Небеско наш МАЕСТРО!

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава