„Почивај во мир маестро, од денес со својата Анче“ – Почина Александар Џамбазов

Во 85-тата година од животот почина големиот македонски диригент и композитор Александар Џамбазов.

pochivaj-vo-mir-maestro-od-denes-so-svojata-anche-pochina-aleksandar-djambazov-01.jpg

Веста за смртта на Маестро Џамбазов ја потврди и неговиот син, нашиот актер и шоумен Игор Џамбазов кој објави фотографија на социјалните мрежи до која напиша:

„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години...од денес, конечно со својата Анче...вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој... “

Александар Џамбазов беше во брак со нашата актерка Анче Џамбазова која почина во 1997-мата година, а заедно ги добија Игор и Тања.

Тој беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“. 

Маестро Александар Џамбазов исто така е еден од основоположниците на Танцовиот и Ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“.

Пишувал сценска и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка), како и повеќе дела на класичната музика меѓу кои најпозната му е „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар.

Автор е на повеќе оркестарски, хорски, камерни дела, забавни мелодии, но и песни за деца.

Со Маестро Џамбазов на социјалните мрежи се простуваат и голем број наши познати личности и музичари.

Игор Дурловски на својот Фејсбук профил објави:

Душа човек,
прекрасен музичар.
Царство небесно маестро Џамбазов

Давид Темелков, со емотивна објава на социјалните мрежи се поздрави со него:

Драг Маестро...

Годините брзо поминаа и не успеав во живо да ти се заблагодарам! Ти благодарам што ми го одреди патот кој го чекорам, колку и да е трновит, си го сакам, мој е.. Ти го потврди талентот кој го носам, ти ме усмери. И кога бевме на раскрсница, ти се појави случајно да не исправиш. Ќе те носам во најубавите детски сеќавања, како и секое славејче кое за прв пат запело со тебе и поради тебе!

Царство Небеско наш МАЕСТРО!

Погледнете повеќе фотографии што Игор ги споделувал со неговиот татко:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...

Најчитани неделава