Интервју со Лара Иванова: „Евровизија е моментот кој треба да се живее“

intervju-so-lara-ivanova-evrovizija-e-momentot-koj-treba-da-se-zhivee-01.jpg

Која е Лара на евровизиската сцена?

Скромна девојка, која има само една цел – да ја претстави Македонија во најдобро светло. Моите од секогаш ме учеле дека колку и да напредувам во животот секогаш треба да останам присебна. Евровизиската сцена е мојот сон. Јас верувам дека еден ден ќе го живеам тој сон. Евровизија е моментот кој треба да се живее. На Евровизија имаш само три минути. Тоа е целата вечност кога е во прашање таа сцена. Тогаш си само ти, публиката и милионската јавност која гледа. Тогаш си најмоќен. Тогаш победата е најслатка и живееш за неа.

intervju-so-lara-ivanova-evrovizija-e-momentot-koj-treba-da-se-zhivee-05.jpg

Како го балансираш времето за балет, музика и учење?

Кога нешто сакаш и си посветен кон тоа, секогаш наоѓаш време за да ги завршиш обврските. За секој ден правам план кои се моите обврски, без разлика дали се во склоп на училиштето или надвор од него. Приоритет им давам на обврските кои не можат да се одложат, додека другите ги вклопувам во преостанатото време. Засега добро се носам со тоа и се надевам дека така ќе продолжам и во иднина. Музиката е мојот живот. Балетот е мојата пасија.

intervju-so-lara-ivanova-evrovizija-e-momentot-koj-treba-da-se-zhivee-02.jpg

Сподели ја со нас приказната за „Цвеќето на тагата“.

Цвеќето на тагата“ е моќна балада која ја доживувам многу силно. Приказната ги истакнува емоциите на една невозвратена љубов. Но и покрај тагата, во песната има светла точка која нè мотивира да се издигнеме и по тажните моменти.  Во два стиха има моќна порака да се продолжи понатака со насмевка на лицето и нова надеж. Песната започнува бавно и тивко, а завршува со очекувања. Сепак на крај е љубов. Љубовта секогаш победува.

intervju-so-lara-ivanova-evrovizija-e-momentot-koj-treba-da-se-zhivee-03.jpg

Дали потајно се надеваш дека токму ти ќе настапиш на Евросонг за Македонија и доколку тоа се случи дали имаш дилема на кој јазик ќе ја пееш песната?

Желбите се големи. Секогаш оставам простор на оптимизмот. Јас сум личност која секогаш се надева на најдоброто. Па нека биде така и сега. Имам голема желба да бидам дел од евровизиската сцена и да ја претставам Македонија во најдобро светло. Оваа година сите учесници имаат одлични песни и кој и да и да победи ќе биде најдоброто за Македонија. Песната звучи подеднакво добро и на двата јазици. Но сепак, македонската верзија ми е омилена. По Калиопи, редно е повторно да се слушне македонски јазик. 

intervju-so-lara-ivanova-evrovizija-e-momentot-koj-treba-da-se-zhivee-04.jpg

Како изгледа еден ден на Лара кога нема обврски со музиката, што прави во слободно време и што ја прави Лара среќна?

Кога немам обврски со музиката се трудам времето да го поминам продуктивно и исполнето. Обожавам да сликам, активно вежбам, ако сум изморена читам книга за релаксација. Од моето слободно време секогаш одвојувам и за да посветам доволно внимание за моето семејство и пријателите. Тоа што ме прави среќна секако е добрата музика.

Фото: Лоран Иванов

Би можело да ве интересира:

Наша докторка со впечатлив моден стил (фото) „Прво модно правило ми е – ‘Секогаш средена’. Без разлика дали одам на работа, д...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
„Дај на сунце“ – Новата песна на Каролина Гочева за еден час по објавувањето ја освои публиката „Магична како и секогаш“ – стои во дел од коментарите под новиот видео спот на К...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg