Нашиот познат јутјубер Џипи емотивно се збогува со YouTube кариерата: „На 31-ви декември се разбудив со плачење“

„Смачено ми е од слава“ – Марко Марковиќ познат како GP е еден од најпознатите македонски јутјубери, а одлучи да им каже „Збогум“ на своите обожаватели. Во подолго проштално видео тој ги појаснува сите причини заради кои одлучил да се откаже од кариерата на YouTube.

marko-markovikj-gp-kazha-zbogum-na-youtube-smacheno-mi-e-sakam-da-gi-filtriram-lugjeto-shto-bea-so-mene-samo-zaradi-slava-01.jpg

Марко Марковиќ (23) познат како GP, веќе подолго време е познат во македонската јавност како еден од најуспешните јутјубери кој редовно споделуваше видеа со видео-игри и други содржини.

Кариерата на YouTube ја започнал уште како дете, а по повеќе години „на врвот“ одлучи да се збогува со оваа кариера, а за тоа како што појасни има повеќе причини.

marko-markovikj-gp-kazha-zbogum-na-youtube-smacheno-mi-e-sakam-da-gi-filtriram-lugjeto-shto-bea-so-mene-samo-zaradi-slava-02.jpg

Првата причина е затоа што сака повеќе да се сконцентрира на работата како програмер и на професијата за која напорно учел и се образувал во изминатите години.

„Образованието секогаш ми било и ќе ми биде на прво место. Сите обврски си бараат време, и во последниот период ретко ставав видеа и се гледаше дека немам доволно време.

Немам повеќе време за YouTube и за програмирање. Физички веќе не е возможно да сум квалитетен и на двете места, а немам намера да се откажам од факултетот.

Не заработувам премногу од YouTube за да се откажам од професијата“ – вели тој.

Марко меѓу другото објави сопствена снимка на која се гледа како плаче и со која појаснува кој бил пресудниот миг што го натерал да преземе таков чекор и да се откаже од кариерата како јутјубер:

„Ова сум јас на 31-ви декември, а на денот што го чекав цела година се разбудив со плачење и цел ден го поминав во едитирање видео. Зошто!?

Затоа што видеото го снимав во четвртокот, затоа што претходно немав време поради обврските со факултет.

Четвртокот цел ден го поминав во снимање и си дојдов дома околу 1 часот по полноќ и цела ноќ не можев да заспијам, а сабајлето ме удри тоа дека си ја расипав новата година и сфатив дека сите овие години јас живеам за туѓа среќа.

Мене ме исполнува тоа што ги правам среќни фановите, но вие не знаете колку стресови и колку сум немал можности за снимање. Не знаете колку несреќен сум бил додека сум ги правел видеата“.

marko-markovikj-gp-kazha-zbogum-na-youtube-smacheno-mi-e-sakam-da-gi-filtriram-lugjeto-shto-bea-so-mene-samo-zaradi-slava-05.jpg

Дополнително, тој потенцира дека особено му пречи тоа што ги запоставил вистинските пријатели за да се дружи со луѓето од YouTube заедницата.

„Мислам дека еден добар човек не запознав на YouTube. Кај 90 отсто од луѓето што се на YouTube забележав многу лицемерие, љубомора, алчност по пари и по слава, зборување зад грб.

Не знам дали кога си на таква позиција само такви луѓе ти се лепат или сите се такви помалку, но навистина не сакам да сум во контакти со такви луѓе“ – вели Марко.

Кои се другите причини поради кои GP се откажа од YouTube погледнете на следната страна во неговото проштално видео...



Би можело да ве интересира:

Македонско девојче важи за „чудо од дете“, на чекор од победа на светски натпревар по астрофизика - ... Ема Донев (14) е девојче со македонско потекло кое со своето семејство живее во ...
Писателката Ксенија Николова прозборе за својата борба со неплодноста: „По 3 несупешни обиди, сфаќам... „Секој пат е различен. Борци сме но не смееме да забораваме на крајот на денот д...
Вук е копија на мама Тијана – како изгледаат децата на македонските познати личности? Дарио Панковски има прекрасни, веќе возрасни син и ќерка, Миа Костова постојано ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg