На гондола во Венеција, во шума: Запознајте го македонскиот Хаусер - дечко од Охрид свири на виолина на разни локации

И Македонија има свој заводник на виолина, како светски познатиот Хрват Стјепан Хаусер од 2 Cellos. Нашиот Петар е шармантен, талентиран и со неодолива насмевка. Од гондола во Венеција до катамаран во Охрид, тој изведува светски музички дела секогаш и секаде, а неговите видеа се хит на Инстаграм.

na-gondola-vo-venecija-vo-shuma-zapoznajte-go-makedonskiot-hauser-dechko-od-ohrid-sviri-na-violina-na-razni-lokacii-01.jpg

Петар Маркоски е дечко од Охрид, вљубеник во музиката, кој со себе секогаш и секаде ја носи својата виолина.

Снима забавни видеа на разни локации додека свири познати музички дела и неговите видеа се хит на Инстаграм. Се разбира, омилена локација за снимање му е покрај прекрасното Охридско Езеро.

Има илјадници следбеници и со право можеме да го наречеме македонскиот Стјепан Хаусер, хрватскиот заводник и некогашен член на 2 Cellos, кој е познат по забавните видеа со своето виолончело на разни светски дестинации.

Нашиот Петар досега има свирено на гондола во Венеција, на катамаран во Охрид, во шума и каде уште не. Од Хулио Инглесиас до Адел, тој ќе ве освои со изведбите. 

За CRNOBELO.com Петар вели:

Изминатите две години беа тешки за сите нас, па и јас како и сите други барав начин како креативно да го искористам слободното време. Социјалните мрежи ни даваат доволно простор да бидеш иновативен, креативен и да се забавуваш. Многу врвни музичари почнаа да снимаат видеа од дома на локации со што на публиката им презентираат нешто убаво и за очи и за душа.

Едни од артистите кои секако ги пратам се Хаусер и Лука (2 Cellos), Италијанката Benedetta Caretta, познатиот саксофонист Daniele Vitale кој направи бум со „Bella Ciao“ за време кога Италија беше под карантин и многу други артисти, кои ми дадоа мотив и јас да се приклучам на тој светски тренд.

За многу краток период успеав да стигнам до огромен број прегледи и до многу следбеници, 108.000 следбеници на мојот Фејсбук профил и 30.000 на мојот Инстаграм профил, каде секојдневно добивам прекрасни пораки од луѓе ширум светот и многу понуди за настапи.

Музиката е дар од Бога и само таа има моќ да нè обедини сите.“

Неговите видеа се мелем за уши и душа:

Повеќе видеа на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Дечко ја запроси саканата на концертот на Давид Темелков во Скопје - тој им пееше, а тие играа танго... Дечко излезе на сцената да заигра со својата сакана, но всушност ја запроси, а п...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...

Најчитани неделава