Мала хероина: 3-годишната Дариа ја победи леукемијата, постарото братче ја однесе до ѕвончето во Детската клиника

„Веруваше дека може и успеа“ – стои во описот до видеото во кое се гледа како по долга 9-месечна борба со леукемијата 3-годишната Дариа Чулевиќ од Скопје конечно ја напушти Детската клиника.

mala-heroina-3-godishnata-darija-ja-pobedi-leukemijata-postaroto-bratche-ja-odnese-do-dzvoncheto-vo-detskata-klinika-01.jpg

Кога гледаме дека некое детенце успеало да се избори и да го победи ракот, тогаш срцето ни е полно. Малата Дариа од Скопје на само 3 години заедно со своето семејство ја водеше најтешката битка за животот и успеа да победи.

За време на долгата 9-месечна борба со леукемијата, македонската јавност редовно можеше да ја следи состојбата на Дариа, преку нејзиниот профил на Инстаграм.

Вчера (22.07.) малата хероина конечно ја напушти Детската клиника во Скопје, а постарото братче Дарис ѝ помогна да се качи на скалите за да заѕвони на ѕвончето.

mala-heroina-3-godishnata-darija-ja-pobedi-leukemijata-postaroto-bratche-ja-odnese-do-dzvoncheto-vo-detskata-klinika-03.jpg

Како што појасни нејзината мајка Азра, во изјава за CRNOBELO.com, на малата Дариа пред 9 месеци ѝ била дадена дијагноза дека боледува од леукемија, а во изминатиот период примила вкупно 3 циклуси на хемотерапија.

На 3-ти јули годинава Дариа ја прими последната хемотерапија, а две недели подоцна и официјално заѕвони на ѕвончето.

„Веруваше дека може и успеа“ – стои во описот на видеото од малата хероина.

Погледнете го емотивното видео во кое постарото братче ја води Дариа до скалите за да заѕвони на ѕвончето и конечно да ја напушти клиниката.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg