Моќен статус на Снеже Велков: „Истреси тоа солзите, кукањата и разочарувањата – кој си па ти да ти оди сѐ подмачкано?“

„Не познавам топ пејач кој не отпеал крш песна ниту одличен водител кој не направил лапсус. Не познавам и фантастичен бизнисмен кој не направил погрешна инвестиција или изгубил многу пари“ – вели во својот статус Снеже Велков.

snezhe-velkov-so-motivirachki-status-koja-sum-pa-jas-za-s-da-mi-odi-kako-podmachkano-sekoj-pad-e-samo-novo-iskustvo-01.jpg

Водителката и пилатес инструктор Снеже Велков на својот Инстаграм профил сподели мотивирачки статус што наиде на голем број позитивни коментари кај нејзините следбеници.

Речиси сите имаме периоди во животот кога се соочуваме со голем број проблеми, падови и предизвици, а Снеже напиша моќен мотивирачки статус, со кој уште еднаш нè потсети дека падовите во животот само нѐ прават посилни и дека никој не е имун на нив. 

Прочитајте го нејзиниот статус во целост:

„Не познавам изврсен фудбалер кој не утнал пенал, ни одличен кошаркар кој не промашил слободно фрлање.

Не познавам ни првак боксер кој не доживеал тежок нокдаун.

Ни генијален актер кој не утнал улога во филм.

Не познавам ни топ пејач кој не отпеал крш песна, ниту одличен водител кој не направил лапсус.

Не познавам и фантастичен бизнисмен кој не направил погрешна инвестиција или изгубил многу пари.

Не познавам ни супер возач на формула кој не изгубил трка, а ни супер велосипедист кој бар еднаш не се искршил.

Не познавам големи имиња од било која бранша кои бар еднаш не треснале на земја баш јако.

Па, да си прашам ако на такви големи луѓе им се имаат случено такви с*ања  КОЈА СУМ ПА ЈАС ИЛИ КОЈ СИ ПА ТИ ЗА ДА СЕ ТИ ИДЕ КО ПОДМАЧКАНО⁉️

Станувај‼️

Истреси тоа солзите, кукањата и разочарувањата, поднамести си го повреденото его, подиспрај си го носот, подистреси прашината од падот.

Дигај главата и трк во победи.

И ич да не му ја мислиш, пак ќе паднеш ама овојпат ќе имаш на што да се потпреш - на искуството од претходните падови.

Разваљуј бре!

Големиот број позитивни коментари, покажаа дека Снеже навистина успеала да ги мотивира своите следбеници и да ги охрабри.

„Браво“, „Многу убаво кажано“, „Само напред, да си газиме“ - стои во дел од коментарите што таа ги доби, покрај големиот број емотикони со аплаузи и срциња.

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Наш доктор се жали: „На што личи - ни ‘добар ден’, а ми праќате милион резултати од испитувања на те... „Зарем мислите дека можам на сите веднаш да ви одговорам, на секакви тривии, на ...
Емотивна објава на Македонка: „Колку ли пати преплашената мајка си ги избришала солзите за детето да... „Цела ноќ плачам... Ниту еден срам не вреди повеќе од вашиот живот. Ниту една за...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мор... „Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поми...

Најчитани неделава