Ивона Јо (26) прослави една година од операцијата на желудникот: „Прв роденден од операцијата која живот ми смени“

„Сакам јавно да се заблагодарам на себе што верував! Што траев! Што не се откажав! Што се сакав и кога МИСЛЕВ дека најмалку заслужувам! И кога мозочето беше против мене! И кога светот ми се рушеше...“, започнува емотивната објава на Ивона Јо.

ivona-jo-26-proslavi-edna-godina-od-operacijata-na-zheludnikot-prv-rodenden-od-operacijata-koja-zhivot-mi-smeni-01.jpg

Ивона Јо (26) денес (26.08) прослави една година од операцијата на желудникот.

По тој повод таа објави видео од тешките мигови за време на операцијата, процесот на закрепнување, но и среќните мигови сега кога драстично ослабена го живее својот сон и постојано настапува низ локали и на разни манифестации во Македонија.

Нејзината објава гласи:

„Драга Ивона,

Среќен Прв роденден од операцијата која живот ти смени. Среќен година дена живот!
Сакам јавно да се заблагодарам на себе што верував! Што траев! Што не се откажав! Што се сакав и кога МИСЛЕВ дека најмалку заслужувам! И кога мозочето беше против мене! И кога светот ми се рушеше! Пак бев тука за себе!

Овие година дена живеев како никогаш до сега. И така бирам да го живеам преостанатиот дел од мојот живот.
Исполнето, мирно, што е можно почисто и клише или не ама среќно!

Благодарам на секоја особа во мојот живот која беше присутна оваа година дена. Дел од нив веќе не се присутни во моето секојдневние, но засекогаш се сместени тука во длабочините на мојата душа каде што оставиле силен траг.

Мама, тато, бато. Сакам да ви кажам силно и гласно благодарам!
Ве сакам!

До нови победи!

<p

Таа неодамна во објава по повод нејзиниот 26-ти роденден порача и:

„Што ти треба повеќе во животот? Насмевки неколку околу тебе. Мир. И убави луѓе во душа во твоето секојдневие.“

Повеќе фотографии од неа на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Ивона Јо со свршеникот ужива на снег на Попова Шапка - се возат со жичница, се прегрнуваат „Бог е дефинитивно темата на која најмногу се задржавме во нашите разговори и те...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Ивона Јо благодарна за сопругот: „ Боже милостив си и даваш убавини кога ти знаеш дека е време“ „Тој шеташе со објективот низ Охрид и ме фотографираше - ми покажуваше како ме г...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...

Најчитани неделава