Македонско девојче важи за „чудо од дете“, на чекор од победа на светски натпревар по астрофизика - Која е Ема Донев (14)?

Ема Донев (14) е девојче со македонско потекло кое со своето семејство живее во Хрватска, а во моментов е на чекор до тоа да ја освои престижната награда Breakthrough Junior Challenge. Ема има свој YouTube канал, а вели дека со наука почнала да се занимава уште во 3-то одделение.

vazhi-za-chudo-od-dete-na-chekor-e-do-pobeda-na-svetski-natprevar-vo-astrofizika-zapoznajte-ja-ema-donev-14-mladata-nauchnichka-so-makedonsko-poteklo-01.jpg

Ема Донев знае што сака да стане уште одамна - астрофизичарка. Многумина ќе се сложат дека нејзината амбиција е невообичаена, а младата надеж за светската наука со своите 14 години има голема шанса да ја исполни својата најголема желба во која сите ние можеме да ѝ помогнеме.

vazhi-za-chudo-od-dete-na-chekor-e-do-pobeda-na-svetski-natprevar-vo-astrofizika-zapoznajte-ja-ema-donev-14-mladata-nauchnichka-so-makedonsko-poteklo-02.jpg

Ема има свој YouTube канал каде објавува свои видеа од областа на астрофизика, во кои говори на англиски јазик, а претходно во изјава за медиумите рече дека со астрофизика почнала да се занимава уште од 3-то одделение.

Малата научничка во Хрватска веќе важи за чудо од дете, а вели дека многу сака да чита книги, па годишно ѝ се случува да прочита и по 50-тина наслови, а омилени ѝ се авантуристичките книги за деца.

„Најмногу ме привлекуваат црните дупки, затоа што кога еднаш ќе влезеш во нив, никогаш нема да излезеш и ќе се претвориш во шпагети! Со читањето најразновидни книги научив многу, но од друга страна ми се отвараат нови прашања и така настана тој магичен круг“ – изјави Ема за хрватските медиуми.

Оваа млада научничка со македонско потекло, е единствена натпреварувачка од континентална Европа која има можност да ја освои престижната награда Breakthrough Junior Challenge.

Оваа награда се доделува во рамки на годишен натпревар кој го стимулира креативното размислување за науката.

vazhi-za-chudo-od-dete-na-chekor-e-do-pobeda-na-svetski-natprevar-vo-astrofizika-zapoznajte-ja-ema-donev-14-mladata-nauchnichka-so-makedonsko-poteklo-03.jpg

Натпреварот за наука е наменет за средношколци на возраст од 13 до 18 години, а една од задачите е да се пријават со поднесување на видео во кое објаснуваат теоретски концепт од областа на науката, физиката или математиката.

Доколку победи, Ема ќе освои стипендија за посакуваниот факултет во износ од 250.000 долари, како и реновирање на училиштето во кое учи во износ од 100.000 долари.

Победничката или победникот на натпреварот ќе назначат и наставник кој бил инспирација и поттик за насочување кон науката, а наставникот ќе биде награден со дури 50.000 долари.

vazhi-za-chudo-od-dete-na-chekor-e-do-pobeda-na-svetski-natprevar-vo-astrofizika-zapoznajte-ja-ema-donev-14-mladata-nauchnichka-so-makedonsko-poteklo-04.jpg

Во рамки на овогодинешниот натпревар, учество заземаа повеќе од 2.400 кандидати од целиот свет. Во полуфиналето се пласираа 30 учесници со своите видеа, одбрани од стручното жири, а меѓу нив е и Ема.

Сите видеа се објавени на Фејсбук и Јутјуб, а влез во финалето ќе добие оној кој собере најмногу лајкови на објавените видеа - и на двете мрежи.

vazhi-za-chudo-od-dete-na-chekor-e-do-pobeda-na-svetski-natprevar-vo-astrofizika-zapoznajte-ja-ema-donev-14-mladata-nauchnichka-so-makedonsko-poteklo-05.jpg

Финалето ќе се одржи во Сан Франциско, а во рамки на настанот познати светски научници ќе одберат победничка или победник.

За да ѝ помогнеме на Ема да ги оствари сопствените соништа, потребно е најдоцна до 20.09.2022 (до крајот на денот) само да кликнете Like на Фејсбук видеото:

Како и на ЈуТјуб видеото:

Ема во моментов е во напната завршница со младиот физичар Абел од Северна Америка, чиј број на гласови значајно расте од ден во ден, а со тоа темпо ќе го заземе првото место на кое моментално се наоѓа.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...

Најчитани неделава