Сузана Турунџиева со емотивна објава на роденденот на сопругот: „Човек ќе почине и сè се заборава, ги снемува сите“

„Денес ќе прославевме 48... Вообичаено на овој ден половина Скопје доаѓаше... Се пееше... Се пиеше, се јадеше, се наздравуваше, но сега...“, гласи емотивната објава на Сузана Турунџиева за прерано починатиот сопруг.

suzana-turundjieva-so-emotivna-objava-na-rodendenot-na-soprugot-chovek-kje-pochine-i-se-se-zaborava-gi-snemuva-site-01.jpg

За Сузана Турунџиева денес (23.09) е посебен ден, кој веќе години наназад ѝ причинува болка затоа што ја потсетува на огромната загуба што ја доживеа.

Денес е роденден на нејзиниот прерано починат партнер Марјан, со кого ја има ќерката Матеа.

На својот Фејсбук профил таа му посвети емотивна објава:

Денес ќе прославевме 48...

Вообичаено на овој ден половина Скопје доаѓаше... Се пееше... Се пиеше, се јадеше, се наздравуваше...
Болна и сурова вистина е дека кога човек ќе почине, сè се заборава... Ги снемува пријателите, роднините, другарите... Со чест на малкумина, кои немаат кратко помнење...

Сакам да верувам дека таму, од другата страна не е сè толку сурово, минливо... Сакам да верувам дека во Бескрајот нема толку разочарување како тука...

Почивај во мир драг наш Марјан, сигурно денес околу тебе има полни софри и полни чаши...“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...
Сопругот на Антониа Гиговска прави склекови со пејачката на грб - Џокер ја одржува фит формата На 25-тиот роденден на Антониа Гиговска, сопругот Џокер романтично ја запроси од...
Сопругот на Антониа Гиговска наполни 28 години – таа го изненади со торта со „Џокер“, најголем подар...  „Мојот животен поклон, мојот НАСЛЕДНИК“ - напиша Роберт на фотографија со ...
Емотивна сцена од Домот за деца без родители во Битола - Им слават роденден, со трамболина, балони и... „Денес славевме повеќе од роденден – славевме насмевки, среќа и моменти кои оста...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
„Сака да ја засени кумата“ - Сопругот на Антониа Гиговска стана хит меме со фризурата - си ги објаву... „Сака да ја засени дури и „кумата“ од случката на Водно“, се само дел од хит тви...

Најчитани неделава