Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Елеонора Миљковиќ, македонската ријалити ѕвезда, со раскошна свадба: „Имав торта висока 3 метри, две венчаници и виолини“

„Свадбата ми изгледаше бајковито токму така како што си замислував. На самиот влез гостите беа дочекани со музика од виолини. Тортата беше висока три метри и беше направена од природно и вештачко цеќе, но имаше и дел од неа кој се јадеше. Покрај неа, имавме уште 3 помали торти…“, раскажува Елеонора Миљковиќ за CRNOBELO.com.

eleonora-miljkovikj-makedonskata-rijaliti-dzvezda-so-raskoshna-svadba-imav-torta-visoka-3-metri-dve-venchanici-i-violini1-01.jpg

Елеонора Миљковиќ, Македонката која стана позната по учеството во српското ријалити шоу „Задруга“, направи раскошна свадба викендов со својот сакан Чедо.

Свадбата беше во еден скопски локал, a присуствуваа повеќе од 300 гости.

eleonora-miljkovikj-makedonskata-rijaliti-dzvezda-so-raskoshna-svadba-imav-torta-visoka-3-metri-dve-venchanici-i-violini4-04.jpg

Елеонора открива детали од свадбата за CRNOBELO.com:

„Свадбата ми изгледаше бајковито токму така како што си замислував. На самиот влез гостите беа дочекани со музика од виолини.

eleonora-miljkovikj-makedonskata-rijaliti-dzvezda-so-raskoshna-svadba-imav-torta-visoka-3-metri-dve-venchanici-i-violini7-07.jpg

Носев две венчаници, кои беа навистина впечатливи и со многу детали, според мој вкус. Венчаниците се дело на дизајнерот Валдрин Саити.

eleonora-miljkovikj-makedonskata-rijaliti-dzvezda-so-raskoshna-svadba-imav-torta-visoka-3-metri-dve-venchanici-i-violini15-15.jpg

eleonora-miljkovikj-makedonskata-rijaliti-dzvezda-so-raskoshna-svadba-imav-torta-visoka-3-metri-dve-venchanici-i-violini8-08.jpg

eleonora-miljkovikj-makedonskata-rijaliti-dzvezda-so-raskoshna-svadba-imav-torta-visoka-3-metri-dve-venchanici-i-violini-004.jpg

За шминката и фризурата беше задолжено познато студио од Албанија, од каде за мене беа испратени луѓе специјално во Македонија. Врвните професионалци од студиотот ‘Arabic Salon Orient’ пред една седмица добија награда за најдобри мејкап артисти во светот.“

eleonora-miljkovikj-makedonskata-rijaliti-dzvezda-so-raskoshna-svadba-imav-torta-visoka-3-metri-dve-venchanici-i-violini5-05.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонската Барби со совршени фотографии од одморот во Грција (фото) Од впечатливи костими за капење до бели, куси летни фустанчиња, Калтрина изгледа...
Македонската дизајнерка Ива Спасовска на патување во Шведска - на посета кај нашата инфлуенсерка Мар... Најдобрите другарки, облечени во стајлинзи во впечатливи бои, уживаат во главнио...
Антониа Гиговска во најелегантното издание досега - блеска во раскошна тоалета на настан (фото) Без накит, но со фустан кој говори сам за себе доволно, Антониа Гиговска блесна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg