Атмосферата и најгламурозните дами на настанот „Мажи на годината“ во Македонија за 2022 (фото)

Ирена Спировска носеше впечатлива креација со бисери, Миа Костова носеше црн макси фустан со длабоко деколте, а поим за елеганција беше моделот Ангелина Китановска... Симон Трпчески ја освои наградата Маж на годината, а ушите и душите ни ги милуваа Павле Камилоски и тенорот Влатко Груевски.

atmosferata-i-najglamuroznite-dami-na-nastanot-mazhi-na-godinata-foto-01.jpg

Вчеравечер (30.11) се одржа 5-тото јубилејно издание на изборот на „Мажи на годината“ во хотелот Doubletree by Hilton Skopje, во организација на Фрајдеј Комуникации и Џентлмен Магазин.

На сцената и годинава како домаќини се појавија актерот и водител Жарко Димоски и водителката Миа Костова.

Жарко и годинава нé помилува со моќна музичка изведба на сцената, а тоа го сторија и Павле Камилоски, кој беше еден од добитниците на статуетка и оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски, кој ја доведе атмосферата до степен на кулминација.

На паузите нè забавуваа балерините и балетаните од Националната опера и балет.

Имаше 13 добитници на награди во 13 категории, помеѓу кои и главната награда за „Маж на годината за 2022 година“ која ја доби најдобриот македонски пијанист на сите времиња Симон Трпчески, кој двапати ѝ се обрати на публиката и беше награден со громогласен аплауз. Првата награда му беше доделена за неговиот придонес во културата.

atmosferata-i-najglamuroznite-dami-na-nastanot-mazhi-na-godinata-foto-02.jpg

На сцената излезе и Игор Џамбазов, кој ги наведе сите негови актуелни проекти, но и не заборави емотивно да ѝ се обрати на саканата Илина, која периодов живее во САД.

И настанот немаше да биде на тоа ниво на оскаровски гламур, ако не беа дел од нашите славни дами кои се појавија во навистина елегантни изданија.

Гламурозна и впечатлива креација носеше водителката Ирена Спировска која излезе на сцената за да додели награда, потоа моделот Ангелина Китановска која имаше слична улога и подели неколку награди.

Се разбира, како и минатата година, и годинава Миа Костова ја видовме во сексапилно, но елегантно издание.

За долг кадифен фустан со шлиц се одлучи планинарката и партнерка на Павле Камилоски, Ирина Дишовска, а во сребрен впечатлив макси фустан ја видовме Андреа Јосифовска, сопругата на актерот Жарко Димоски.

Најгламурозните дами на настанот „Мажи на годината“:

Ангелина Китановска

atmosferata-i-najglamuroznite-dami-na-nastanot-mazhi-na-godinata-foto-04.jpg

Ирена Спировска

atmosferata-i-najglamuroznite-dami-na-nastanot-mazhi-na-godinata-foto-06.jpg

Миа Костова

atmosferata-i-najglamuroznite-dami-na-nastanot-mazhi-na-godinata-foto-07.jpg

Ирина Дишовска

atmosferata-i-najglamuroznite-dami-na-nastanot-mazhi-na-godinata-foto-03.jpg

Андреа Јосифова

atmosferata-i-najglamuroznite-dami-na-nastanot-mazhi-na-godinata-foto-05.jpg

Прочитајте и Игор Џамбазов со награда и емотивен говор на „Мажи на годината“: „Илина Арсова, љубов моја, те сакам“

С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

„ЖИВОТ ПОВТОРНО“ - Настан организиран од Димитар Радески со цел подигнување на свеста за малигните з... На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков" - Прилеп ќе се одржи настанот „Живот п...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...
Како изгледаа македонските познати дами кога беа трудници? (втор дел) Аделина Тахири позираше разголено како секси трудница, Антониа Гиговска имаше тр...
Миа Костова, Александра Шијакоска – Македонските дами гламурозни на настан кај нашата дизајнерка Коц... Миа Костова издоминира во црна креација, Моника Коцарева како домаќинка на наста...
Македонската Барби на Малдиви, по запросувањето во Дубаи: „Дами, ви посакувам огнен љубовник и чанта... Верица Китанова од Струмица, го покажа фит телото во бикини од Кјара Ферањи, а п...
Марта, сопругата на Стефан Лазаров, прошета со трудничкото стомаче на загревањето за Lazarov Awards Стефан не ја крие возбудата што наскоро ќе има мал наследник, па иако е рано, со...

Најчитани неделава