Марта, сопругата на Стефан Лазаров, прошета со трудничкото стомаче на загревањето за Lazarov Awards
- Детали
- среда, 22 април 2026
Стефан не ја крие возбудата што наскоро ќе има мал наследник, па иако е рано, со сопругата веќе се договараат што ќе купуваат за бебето и како ќе ја уредат собата. Сега, во 4-иот месец од бременоста неговата сакана Марта го покажа трудничкото стомаче на настанот Lazarov Awards Warm Up.

Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта ќе станат родители.
Марта е во 4-тиот месец од бременоста, а тој е пресреќен што ќе му се исполни долгогодишната желба да биде татко.

Стефан не ја крие возбудата што наскоро ќе има мал наследник, па иако е рано, со сопругата веќе се договараат што ќе купуваат за бебето и како ќе ја уредат собата.
Марта, иако со сако, го покажа трудничкото стомаче на настанот Lazarov Awards Warm Up, кој беше најава на веќе традиционалните Lazarov Awards.
Музичкиот дел донесе вистинска емоција и препознатлив шарм, со настапи на Игор Џамбазов, Пере од Нокаут и Ристе од Легато. Нивните изведби придонесоа за создавање атмосфера во која публиката активно учествуваше, пеејќи и уживајќи во секој момент.



Настанот, чиј водител беше познатиот презентер и учесник во годинашниот проект Lazarov Awards, Димитар Атанасовски, се одвиваше во опуштена, но истовремено енергична атмосфера.

Но, вистинската забава допрва се очекува на Lazarov Awards.
Повеќе фотографии од саканата на Лазаров:


