Александра Шијакоска со емотивен говор: „Едмонд наградава е за тебе затоа што 10 месеци од животот помина со мене во болница“

„Пред 10 месеци ми беше откриен тумор на мозокот и никој немаше голема надеж за мене, дури ни докторите немаа... Само семејството и блиските веруваа во мене и тие беа постојано покрај мене, така што јас ако денес сум тука за да ја примам оваа награда, тоа не е благодарение на мене, туку е благодарение на Господ, на пријателите, на моето семејство, а најмногу од сè на Едмонд“, му се обрати Александра Шијакоска на саканиот при подигнување на наградата „Инфлуенсер на годината“.

aleksandra-shijakoska-so-emotiven-govor-edmond-nagradava-e-za-tebe-zatoa-shto-10-meseci-od-zhivotot-pomina-so-mene-vo-bolnica-01.jpg

Денес (14.12) се одржа конференцијата „Жени претприемачки” и изборот „Жена на годината“ во Музејот на македонската борба, чија цел е  да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати во годината што одминува.

aleksandra-shijakoska-so-emotiven-govor-edmond-nagradava-e-za-tebe-zatoa-shto-10-meseci-od-zhivotot-pomina-so-mene-vo-bolnica-04.jpeg

Но, годинава покрај овие награди имаше и награда за инфлуенсер на годината, професија за која водителот на настанот Огнен Јаневски изјави дека допрва ќе биде признаена, но и дека младите веќе добро знаат за што станува збор и каков ангажман е потребно за да се успее.

Оваа награда ја доби Александра Шијакоска, која имаше емотивен говор, во кој најмногу му се заблагодари на нејзиниот партнер Едмонд, кој ѝ беше поддршка во публиката ѝ ја снимаше за време на говорот.

Нејзиното обраќање при подигнувањето на наградата гласеше:  

„Пред 10 месеци ми беше откриен тумор на мозокот и никој немаше голема надеж за мене, дури ни докторите немаа...

Само семејството и блиските веруваа во мене и тие беа постојано покрај мене, така што јас ако денес сум тука за да ја примам оваа награда, тоа не е благодарение на мене, туку е благодарение на Господ, на пријателите, на моето семејство, а најмногу од сè на Едмонд.

aleksandra-shijakoska-so-emotiven-govor-edmond-nagradava-e-za-tebe-zatoa-shto-10-meseci-od-zhivotot-pomina-so-mene-vo-bolnica-05.jpg

Едмонд оваа награда е за тебе затоа што 10 месеци од својот живот ги помина со мене во болница, се радуваше на секој мој чекор, на секој мој нов кажан збор. Така што ако некој ја заслужуваа оваа награда и признание тоа е Едмонд пред сè, па после сите мои блиски.

Инфлуенсер можеби не се сфаќало сериозно во минатото, но сега и тоа како е актуелна професија.

aleksandra-shijakoska-so-emotiven-govor-edmond-nagradava-e-za-tebe-zatoa-shto-10-meseci-od-zhivotot-pomina-so-mene-vo-bolnica-03.jpg

Целта на вистинскиот инфлуенсер е да биде добар пример, посебно за помладата генерација, да даде пример дека на прво место е семејството, дека постарите се почитуваат и сите тие вредности да ги пренесе на помладата генерација.

Инфлуенсер е многу повеќе од тоа што  некои си замислиле, терминот го бие лош глас, но мислам дека во иднина ќе биде многу актуелен и јас сум пример дека не се сите инфлуенсери така празни, туку имаме голема цел, а тоа е да пренесеме добри вредности на помладата генерација.

Ви благодарам!“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска: „Изгубив дете и болеше, ама денес полнам 33 – и се молам да сум среќна, намест... „Сакав да го прескокнам роденденот. После се, мислев тивко да помине. Ама Риан п...
Александра Шијакоска го покажа животот на село, со животни и спокој: „Не ми пречат 20 минути возење ... „Животот на село последните четири години... Има и позитивни и негативни страни ...
Се породи Александра Јанева - Пејачката стана мајка 3 дена по својот роденден Александра Јанева се породи вчера (28 мај), откако на 25 мај и самата славеше ро...
Синот на Тони Михајловски наполни 14 години - сопругата со порака: „Секогаш верувај во себе“ „Од семе до прекрасно момче, со изграден карактер, јасна визија и план за живото...
Александра Шијакоска за алката со отпечатоци од родителите: „Среќна сум и благодарна што ми се здрав... Девојка од Скопје си ја изгуби алката, за која е емотивно врзана затоа што на не...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...

Најчитани неделава