Најубаво украсениот влез во Скопје се наоѓа во зграда во Карпош: „Секое влегување мами насмевки кај соседите“
Некако се поклопи перидот со предновогодишната атмосфера, па се наметна и желбата да се постави елка.
Со сосетката Сања одбравме елка и сè што оди со елката. Нашите желби беа „поскапи“, но бевме љубезно опоменати од останатите соседи и одборот, по што сфативме дека поскапата желба не ни се допаѓа.
Согласно енергетската криза купивме сијалички кои работат на батерии. Поставивме и штедлива сијалица во повеќе бои, која дополнително придонесува на целиот амбиент.
Убаво е. Секое влегување во влезот мами насмевки кај соседите. Живееме во најубавата општина и зградата мора да биде најубава. Одиме понатаму со нови идеи и нови проекти.
Управителот на зградата Зоран Николовски за CRNOBELO.com вели:
„Задоволство е и предизвик да се управува со станбен објект кој годинава наполни 55 години постоење, од кои последниве 20-тина години сум јас управител.
Не е лесно, но ми претставува задоволство да бидам првиот човек кој се грижи за зградата. Според годините, средовечна е и бара многу повеќе внимание и ангажман од некоја новоизградена зграда. Постојано има потреба од санации, одржување, поправки.
Да не ме разберат погрешно читателите не ги правам јас сите тие поправки и санации, за тие работи ангажираме правни лица.
Проектот лифт беше голем предизвик и многу сум задоволен и благодарен од односот на сите станари. Сите одлично се надополнуваме и се надевам дека ќе реализираме и во иднина проекти кои ќе предизвикаат интерес и ќе бидат мотив за останатите жители во нашата општина и пошироко“.
Доколку сакате и вие да ни раскажете интересна приказна од секојдневието, пишете ни на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
фото: приватна архива на станарите за CRNOBELO.com
Би можело да ве интересира:





