Јутјуберот Стефан Лазаров: „Сестра ми доби улога во турска серија, сега сум горд, а ѝ велев да не сонува“

„Сите ѝ зборевме дека треба да престане да сонува за актерска кариера, но сепак таа и после 10 години од уништувањето на својот сон, проба пак. И што се случи? Се случи многу повеќе од тоа што очекуваше. Доби улога како гостин актер во турската серија Balkan Ninisi…“, споделува јутјуберот Стефан Лазаров за својата сестра Марија.

stefan-lazarov-sestra-mi-dobi-uloga-vo-turska-serija-gord-sum-sega-a-i-velev-da-ne-sonuva-01.jpg

Стефан Лазаров отворено проговори за својата сестра Марија Лазарова, мејкап артистка, која не се откажала од својот сон да стане актерка, иако кога конкурирала првиот пат, била одбиена од Драмската академија.

Десет години подоцна, таа се обидела повторно и сега студира драмска уметност во Тетово, иако речиси никој, дури и нејзиниот брат не верувал дека ќе успее.

Сега, Марија иако е на почетокот на своите студии, доби улога во турската серија „Balkan Ninisi“.

Стефан открива дека неговата сестра совршено го владее турскиот јазик и дека е навистина горд на нејзината упорност да ги следи своите соништа.

Во описот на видеото посветено за неа и нејзиниот труд и желба, тој пишува:

„Најлошо во животот што можеш да направиш е на човек да му ги уништиш амбицијата и желбата за успех. Но само оние што можат да се изборат со негативната енергија и моментите во кои немаат поддршка, од никој - стануваат шампиони. Сестра ми за мене стана шампион…

Точно знам колку сите ѝ зборевме дека треба да престане да сонува, но сепак таа и после 10 години од уништувањето на својот сон, проба пак. И што се случи?

Се случи многу повеќе од тоа што очекуваше. Доби улога како гостин актер во турската серија Balkan Ninisi…

Многу сум горд на неа, и знам дека е само мал почеток во нејзината кариера. Но исто така и голема мотивација..

Марија… нема граници повеќе за тебе. Направи ја Македонија горда на светски рамки.“

И Марија Лазарова го сподели видеото од серијата и напиша: 

„Ми беше огромна чест да се појавам во серијата „Balkan Ninnisi“ како актер гостин и да играм покрај едни најдобрите актери од Македонија и Турција. Ви благодарам за оваа можност.

Никогаш нема да ги заборавам тие прекрасни моменти и се надевам дека наскоро ќе ги повторам.“

Повеќе фотографии од Марија Лазарова на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото) Стефан oд Прилеп, живее со Милена во Германија, а ја запроси на патување во Хола...

Најчитани неделава