Продавачи на тезга на Бит пазар со срце планина - вирален статус на скопјанец ни ја враќа вербата во хуманоста

„Тие грабнаа по една кеса, ги наполнија до горе, не гледаа колку ставаат и што ставаат...“, споделува Фитим Бела за продавачите од Бит пазар, кои веднаш се понудиле да донираат за децата во Турција, погодени од катастрофалниот земјотрес.

prodavachi-na-tezga-na-bit-pazar-so-srce-planina-viralen-status-na-makedonec-ni-ja-vrakja-verbata-vo-humanosta-01.jpg

Фитим Бела е хуман скопјанец кој одлучил да купи облека за да донира во Турција за дечињата, кои сега немаат дом и мрзнат на улица.

Но, тоа што го трогнало е кога продавачи на тезга на Бит пазар одлучиле од нив да донираат капи, шалови и ракавици за овие дечиња.

Нивниот потег го трогнал, па на Фејсбук тој сподели фотографија направена со нив и во описот напиша:

„Тезга на Бит пазар

Со сопругата ја затворивме канцеларијата, се упативме кон Скопската турска чаршија, купувавме чизми, ќебиња и застанавме токму на оваа тезга. Ги прашав овие двајца сограѓани дали имаат капи, шалови и ракавици, комплет за дечиња.

Ме прашаа за колку години и ми кажаа дека само за девојчиња имаат бои, а јас им одговорив: „Фала му на Бога моите деца имаат сè, ова ми е за донација за Турција да пратам, таму е катастрофа – леден бран и ќе има деца кои ќе мрзнат на улица.“

Овие двајца херои тогаш грабнаа по една кеса, ги наполнија до горе, не гледаа колку ставаат и што ставаат, за разлика од газди во бутици, што седат на топло.

Овие двајца херои цел ден седат надвор на ветер на студ за парче леб, но имаат срце планина, Господ да ги чува.“

prodavachi-na-tezga-na-bit-pazar-so-srce-planina-viralen-status-na-makedonec-ni-ja-vrakja-verbata-vo-humanosta-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Трогателни пораки од татко до ќерката Надица (17), која загина во пожарот во Кочани: „Гледам во небо... „Секој ден без тебе е тивко потсетување на тоа колку длабоко те сакаме и колку н...
Елена Ристеска скршена од болка: „Ах бре Пане, не стигнав да ти кажам колку те сакам, а си замина“ „Не знаев дека волку ќе боли како за роден брат! Ми беше брат кој никогаш го нем...

Најчитани неделава