Најубавите македонски поранешни мисици и манекенки повторно блеснаа на модна писта (фото)

Светлана и Мики Црнокрак, Сани Богдановска, Ирена Спировска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Марија Васиќ, Драгана Клопчевска, Армандо Чаволи, Коки Лондза, Оливер Димитровски, продефилираа и блеснаа на модната писта, потсетувајќи на едни од најубавите денови на македонската мода, по повод 20 години од првата Модна недела во Скопје. Мики Црнокрак за CRNOBELO.com изјави: „На модната писта вчера се појавија некогашните најдобри македонски модели, а ние заедно се вративме во едни подзаборавени, убави времиња“.

najubavite-makedonski-poraneshni-misici-i-manekenki-povtorno-blesnaa-na-modna-pista-foto-01.jpg

Со гламурозна модна ревија која се одржа во хотелот „Лимак“ во Скопје, се одбележаа 20 години од првата Модна недела во Скопје - Fashion Week Skopje Macedonia.

najubavite-makedonski-poraneshni-misici-i-manekenki-povtorno-blesnaa-na-modna-pista-foto-10.jpg

Како и пред две децении, на модната писта заблескаа некои од најубавите македонски жени, поранешни мисици и манекенки, но и мажи модели, кои долго време не се дел од модната индустрија кај нас.

najubavite-makedonski-poraneshni-misici-i-manekenki-povtorno-blesnaa-na-modna-pista-foto-21.jpg

Пред скопската публика продефилираа Светлана и Мики Црнокрак, Сани Богдановска, Ирена Спировска, Вера Мештеровиќ, Ана Биновска, Марија Васиќ, Драгана Клопчевска, Армандо Чаволи, Коки Лондза, Оливер Димитровски и многу други кои своевремено важеа за најпопуларни и најбарани македонски манекени.

najubavite-makedonski-poraneshni-misici-i-manekenki-povtorno-blesnaa-na-modna-pista-foto-13.jpg

Тие и пред 20 години учествуваа на таа прва Модна недела, што тогаш се  одржа во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

najubavite-makedonski-poraneshni-misici-i-manekenki-povtorno-blesnaa-na-modna-pista-foto-04.jpg

Ревијата, како и пред 20 години, и сега ја организираа Мики Црнокрак и Милорад Цајиќ со нивните агенции „Модното студио Црнокрак“ и „Кворум моделс“.

najubavite-makedonski-poraneshni-misici-i-manekenki-povtorno-blesnaa-na-modna-pista-foto-18.jpg

„На модната писта вчера се појавија некогашните најдобри македонски модели кои учествуваа и на првата Модна недела, а ние сите заедно се вративме во едни подзаборавени, убави времиња. Гостите на ревијата цело време нè поздравуваа со громогласен аплауз кој не престана во текот на целиот навистина голем и гламурозен моден настан.

Не можам да опишам колку сум среќен и горд што вчера доживеавме нов успех во презентацијата на македонската мода. Одиме понатаму“, рече Мики Црнокрак, кој беше и модел, но и организатор на настанот.

najubavite-makedonski-poraneshni-misici-i-manekenki-povtorno-blesnaa-na-modna-pista-foto-08.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонски доктори со впечатлив моден стил - Врвни професионалци кои се грижат за изгледот Иако изгледаат впечатливо во униформа, многу македонски доктори пленат и кога ќе...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg