„Првиот брак не ми успеа, но вториот сакав да си го спасам“ вели Дарко Влогс и открива колку бил тежок „животот на тркала како брачен пар“. Тој возел камион во придружба на сопругата, но токму кога донел одлука да продолжи сам, доживеал сериозна повреда на ногата која му го променила животот.
Лила Филиповска објави дека поминале 3 години од борбата со ракот и сподели фотографии со кратка коса, Драган Спасов - Дац насмеан во каубојски ауфит на тематската роденденска забава на внуката Гаиа (2), од синот Јаков и снаата Софија, а Аделина Тахири вљубена со сопругот.
Пејачката собра храброст и ги покажа лузните, но и своето тело во долна облека пред и по операцијата за отстранување на вишокот кожа.
„Неговата посветеност и професионализам ќе останат во сеќавањата на сите нас“, напиша неговиот колега Зоран Љутков.
Некои од нив се во децениски бракови со по 3 деца, други, пак, се неколку години во врска, но секоја од нив ја пронајде љубовта и е среќна и исполнета на приватен план. Од Живкица Каленикова до Татјана Стојановска, со кого нашите препознатливи дами од ТВ екраните го делат животот?
„Пеев на ‘Идол’ во Македонија, Србија и Црна Гора, но мојот најголем успех кога станува збор за шоуа е ‘Бугарски идол’, каде бев избрана за единствена девојка од Македонија која пее во Софија, заедно со тројцата момци Бојан Стојков, Дарко Илиевски и Александар Тарабунов“ - се присети Наталија Данаилова во интервјуто за CRNOBELO.com.
Од Дуке Бојаџиев и Џамбо Агушев до Марјан Стојаноски и Дарио Панковски... Со кого нашите музичари го делат животот? Кои се нивните понежни половини?
„Косата ја донирав кај Сашка, која, како што дознав преку статија на CRNOBELO.com, се занимава со изработка на перики од природно влакно. Мојата коса е густа и здрава, па решив да ја искористам за да донесам радост на некој кој на било кој начин ја изгубил“ - ни раскажа Елена од Струмица, која кратко откако нè контактираше ни испрати фотки од косата која ја донирала.
Илина Пејоска Затуроски од Струга во една лична ситуација, открила дека нејзиниот син бил изложен на несоодветни содржини без нејзино знаење – токму од страна на возрасен член од семејството кој не бил свесен за потенцијалните опасности. Овој настан ја натера уште повеќе да зборува за едукацијата за правилното користење на технологијата.
Откако во претходниот спот беше со куса коса, Антониа се реши за нова трансформација, па во новото видео е со албино изглед, односно има бели трепки и веѓи - еден од најголемите светски трендови во моментов.
Со сопругата Татјана, диџеј Мац ги живее најсреќните мигови – се реализираа во улогата на родители, а пред тоа со трудничка фотосесија открија дека едвај го чекаат новото поглавје од животот.
Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска кафеана „подзаспива“ седнат на столче, но пред да си замине, како „прав Балканец“ ја допива ракијата „на екс“.
„Доењето е екстремно тешко. Колку и да се едуцирав за доењето додека бев бремена, во пракса работите излегоа многу поинакви. Посебно поради фактот дека се породив со царски и долго време немав млеко, па наеднаш ми надојде многу...“, ја започнува својата исповед Софија Јанева.
„Говорот на тело зборува за тебе и без да кажеш збор. Се случува и без да си свесна. Но, штом еднаш ќе го освестиш во себе, ќе зборува во твоја корист, а не обратно“, вели Анастасија Илиевска и дава совети како да пиете вино во ресторан, но и каде да ја ставите чантата.
„Новиот и стариот мост, малото мовче и железен мост се дел од мостовите во Велес, заради кои градот за време на османлиското владеење бил наречен Ќупурли или Град на мостови“ - вели актерот Васил Зафирчев во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.
Преку искрени стихови Таско раскажува за својата внатрешна борба, личните демони, алкохолот, работите кои му ја уништуваат самодовербата, но и за желбата да се врати на својот посакуван пат.
„Битно е децата да ги насочите кон вистинска исхрана и што е здраво, а што не, а не кон гладување. И да, треба да посветите време. Јас сум од оние немодерни мајки кои 12 години готват по најмалку 3 оброци само за него“ - напиша Миа Костова на Инстаграм.
„Панче ме држеше за рака и раката почна да му трепери. По неколку чекори клекна на колено: ‘Дали ќе се омажиш за мене?’. А јас бидејќи бев збунета го прашав ‘Што треба да правам јас сега?’, на што тој ми рече ‘Кажи нешто' и му кажав ДА!“, вели за CRNOBELO.com нашата инфлуенсерка Стефанија Кржеска.