Димитар Андоновски ја пречека Цеца во Битола, младиот музичар Јанг Дади ужива во Барселона, а пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, го покажа мускулестото тело на плажа. Што прават македонските ѕвезди деновиве на Инстаграм?
Од специфични монокини до минималистички бикини, овие Македонки оставаат впечаток на плажа, каде и да се појават...
Нивните хитови се пеат до ден денес - песни кои будат носталгија и спомени. Што прават денес Угро, Ерзана, Тања Царовска и Сашо Спасовски?
„Една свадба бара голема организација, а сакавме конечно да си ја формализираме нашата заедница, па одлучивме оваа година да си направиме регистрација...
„По свадбата во Скопје, на свадбата во Бејрут имаше само либански обичаи. Марк сака да ги следи обичаите, па кога одлучил да ме запроси, прво му пратил порака на татко ми и побарал благослов, а ја превел пораката на Google Translate. Овојпат темата на свадбата беше патување околу светот, па поканите ги дизајниравме како либански пасош, а имавме шоуа поврзани со Бразил, Мексико, Италија, Шпанија и Индија“, вели Драгица Ибрахимовиќ за CRNOBELO.com.
По „Нијагара“, Тамара Тодевска испеа уште една моќна песна на српски јазик - „Торнадо“ и најави нов летен хит.
„Фамилија“ – напиша накратко Софија Спасов, снаата на актерот Драган Спасов Дац, до фотографиите што ги објави од одморот со сопругот Јаков и ќеркичката Гаиа.
„Таткото уморен“, вели пејачката Антониа Гиговска, која покажа како ги поминува првите денови со синот и сопругот, откако неодамна стана мајка.
Со препознатливите руси кадрици, насмевката и долгите нозе, облечена во розово фустанче со циркони и сандали на висока потпетица, македонската Барби, Марјана Станојковска, ги сврте кон себе сите погледи.
„Благодарение на хуманоста на едно семејство, нивната љубов, добрина и емпатија која ја носат во себе, рано утрово ново срце почна да чука во градите на 40-годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа во текот на денот ќе добијат бубрези“, велат од Министерството за здравство.
Александра Шијакоска заблеска во елегантна бела венчаница на венчавката со саканиот Едмонд Весели. Парот се венча денес (19.07) по 12 години врска, и тоа на денот на роденденот на Едмонд.
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас со пријателите помина два дена во селата Брод и Јеловјане на Шар Планина - се шеташе низ селата, се дружеше со мештаните, јаваа на коњи и уживаа во мирот на планината...
Аделина и Дијана личат на близначки – со долги руси коси, згодни и со продорни сини очи. Па каде и да се појават, сестрите Тахири привлекуваат внимание.
Со пуштање бели гулаби кон небото, Стефан и Марта го означија крајот на црковната венчавка во Соборниот храм во Скопје. Најпознатиот македонски јутјубер ги објави првите фотки од моментот кога со Марта во црква се заколнаа на вечна љубов.
Со музика во живо и многу гости во кафеана, Роберт Спасенцовски, сопругот на Антониа Гиговска, направи мекици за раѓањето на синот Киан. Пееше цела вечер, а на Антониа ѝ ја посвети песната „Ја без тебе не могу да живим“.
Браво! Американецот Џастис Рид, кој во 2022-ра ја испеа „Црно и бело“ од Калиопи, сега е во Скопје, па ја посети улицата на Тоше Проески во населбата Аеродром, засвири на својата гитара и ја испеа „Игри без граници“.
Марјана Станојковска заводлива на плажа во елегантен фустан наместо во бикини, Перо Антиќ вози АТВ четирицикл низ Скопје, Миа Костова се прошета во Базел, Швајцарија по летувањето на Корзика, а Александар Дадар ужива на Миконос...
Оливер Андреевски и Елисавета Булоска денес (16.07) се венчаа во црквата „Св. Петар и Павле“ пред нивните семејства, пријателите и гостите кои дојдоа од различни краишта од Македонија и Европа за да бидат сведоци на годинешната Галичка свадба 2023.