Антониа Гиговска ужива во првите денови со синот Киан: „Колаче мое“

„Таткото уморен“, вели пејачката Антониа Гиговска, која покажа како ги поминува првите денови со синот и сопругот, откако неодамна стана мајка.

antonia-gigovska-uzhiva-vo-prvite-denovi-so-sinot-kian-kolache-moe-01.jpg

Пејачката Антониа Гиговска, која се породи на 6-ти јули, ужива во првите денови од мајчинството. Откако излезе од болница, таа сподели неколку фотки и видеа со синот Киан на својот Инстаграм профил.

„Колаче мое“, напиша таа на една од објавите.

antonia-gigovska-uzhiva-vo-prvite-denovi-so-sinot-kian-kolache-moe-06.jpg

На друга, пак, го фотографираше својот сопруг, музичарот Роберт Спасенцовски, познат како Џокер, додека спие покрај бебето.

„Таткото уморен“, вели таа.

antonia-gigovska-uzhiva-vo-prvite-denovi-so-sinot-kian-kolache-moe-04_copy.jpg

Дека Антониа се породи, прв објави нејзиниот сопруг, кој не ја криеше радоста. Тој беше и највесел на мекиците, кои ги направи во кафеана, дента кога ги зеде Антониа и бебето од болница.

antonia-gigovska-uzhiva-vo-prvite-denovi-so-sinot-kian-kolache-moe-02.jpg

Антониа се породи во приватна скопска клиника и во првата објава по раѓањето на бебето откри дека со сопругот му го дале името Киан.

„Здраво на сите. Сакавме малку момент за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вчера во 12:05 наутро ова мало глувче ми докажа за што вреди да живееш.

Ти си мојот крал, мојот Зазу, мојот малечок, мојот син. Те сакаат мама и тато и никогаш нема да те остават сам. Ве гушкаме и одиме ние да се гушкаме“, напиша тогаш Антониа на Инстаграм.

antonia-gigovska-uzhiva-vo-prvite-denovi-so-sinot-kian-kolache-moe-05.jpg

Ова е прво дете на парот кој се венча на 30-ти април 2023, а брзо потоа направија и фотосесија преку која го открија полот на бебето и објавија дека ќе добијат син.

Прочитајте и Со ора и мекици во кафеана, сопругот на Антониа Гиговска славеше за раѓањето на синот Киан

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на син... Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите...
Ана Стојанова ужива со сопругот во бич бар во Аланија - во минималистички бикини ја истакна формата ... Кирил ѝ приреди филмско запросување во 2021 година, направија свадба во вила со ...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...

Најчитани неделава