Со ора и мекици во кафеана, сопругот на Антониа Гиговска славеше за раѓањето на синот Киан

Со музика во живо и многу гости во кафеана, Роберт Спасенцовски, сопругот на Антониа Гиговска, направи мекици за раѓањето на синот Киан. Пееше цела вечер, а на Антониа ѝ ја посвети песната „Ја без тебе не могу да живим“. 

so-ora-i-mekici-vo-kafeana-soprugot-na-antonia-gigovska-slaveshe-za-ragjanjeto-na-sinot-kian-01.jpg

Вчеравечер (17.07) музичарот Роберт Спасенцовски, сопругот на Антониа Гиговска, правеше мекици за раѓањето на синот Киан.

Прославата беше во скопска кафеана, со многу пријатели и роднини, имаше музика во живо, а се играа ора и се пееше на цел глас.

so-ora-i-mekici-vo-kafeana-soprugot-na-antonia-gigovska-slaveshe-za-ragjanjeto-na-sinot-kian-09.jpg

На прославата Роберт не престана да пее и да се забавува, а цела вечер објавуваше и видеа на Инстаграм.

Тој ја испеа „Ја без тебе не могу да живим“ од Халид Бешлиќ и песната ѝ ја посвети на сопругата Антониа.

so-ora-i-mekici-vo-kafeana-soprugot-na-antonia-gigovska-slaveshe-za-ragjanjeto-na-sinot-kian-07.jpg

Но, запеа таткото на Роберт, Боби Спасенцовски.

„Од татко ми за мајка ми“, вели Роберт во видеото што го објави на Инстаграм, а на кое е со неговите родители.

so-ora-i-mekici-vo-kafeana-soprugot-na-antonia-gigovska-slaveshe-za-ragjanjeto-na-sinot-kian-11.jpg

Пееја и некои од гостите музичари, а меѓу нив и Филип Божиновски и Филип Пешевски, кои се добри пријатели на парот.

Меѓу гостите беше и шминкерот Даниел Николовски, кој е долгогодишен соработник на Антониа, но и нејзин пријател, па и тој објави фотка од прославата.

mekici-02.jpg

За потсетување, пејачката стана мајка на 14-ти јули и го роди синот Киан. Таа брзо по породувањето објави фотографии од болница и му посвети емотивна порака на бебето.

„Сакавме малку момент за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вчера во 12:05 наутро ова мало глувче ми докажа за што вреди да живееш.

Ти си мојот крал, мојот Зазу, мојот малечок, мојот син. Те сакаат мама и тато и никогаш нема да те остават сам. Ве гушкаме и одиме ние да се гушкаме“, напиша тогаш Антониа на Инстаграм.

so-ora-i-mekici-vo-kafeana-soprugot-na-antonia-gigovska-slaveshe-za-ragjanjeto-na-sinot-kian-03.jpg

Таа вчера (17.07) објави и фотографија од болница на која е нашминкана и подготвена да си замине дома со бебето.

Па додека нејзиното семејство се забавуваше на мекици, таа споделуваше фотки од забавата на Инстаграм Стори им се заблагодари на гостите, но и на екипата која се погрижила за декорациите на кафеаната.

361113603_266694082650260_7502573828121758082_n.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска го откри полот на бебето - со сопругот очекуваат момче Пејачката со претходна најава точно во 12 часот го откри полот на бебето, таа и ...
Антониа Гиговска ужива во првите денови со синот Киан: „Колаче мое“ „Таткото уморен“, вели пејачката Антониа Гиговска, која покажа како ги поминува ...
Антониа Гиговска за мајчинството: „Тешко е првите 2 недели со бебе, имам уште само 5kg вишок“ „Болницата не ја менувам за ништо. Максимално посветени од самиот старт. Ги...
Роберт Билбилов и Лејла Рамковска вљубени на викенд во Охрид, Маја Гроздановска Панчева со ќерките: ... Туна Сејдиу блеска на одмор на Занзибар со припадници на Масаите, Maртин Филипов...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...
Роберт Билбилов и Лејла Рамковска вљубени на прошетка, Каролина во секси аутфит: Што прават македонс... Сопругот на Антониа Гиговска, музичарот Роберт Спасенцовски, ужива со синот во р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg