Тамара Тодевска има летен хит - Со нов имиџ, пее на српски јазик и ја промовира песната „Торнадо“

По „Нијагара“, Тамара Тодевска испеа уште една моќна песна на српски јазик - „Торнадо“ и најави нов летен хит.

tamara-todevska-01.jpg

Пејачката Тамара Тодевска денес (21.07) точно на пладне ја промовираше својата нова песна „Торнадо“, испеана на српски јазик.

Таа песната ја најави уште на 10-ти јули, кога објави тизер на својот Инстаграм.

tamara-todevska-03.jpg

Автор на музиката е на Тамара Тодевска заедно со Лазар Цветкоски, а текстот го напиша популарната српска пејачка Зои Кида.

„'Торнадо' е нашата нова музичка приказна, а јас сум пресреќна што создадовме песна и спот кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа најмногу ни треба во периодов во кој живееме. Задоволна сум од целосниот производ, од песната и од спотот и искрено верувам дека истата ќе ѝ се допадне на мојата публика, како во Македонија, така и низ земјите во регионот“, вели Тамара.

Песната „Торнадо“ доаѓа само 4 месеци откако таа ја објави „Нијагара“ што ја испеа на српски јазик и за која имаше многу позитивни реакции во јавноста.

Спотот за песната се снимаше во текот на јуни 2023 на неколку локации низ Скопје. Кореографијата ја направи Дејан Битровски, а во видеото се појавува и Хана, ќерката на пејачката.

Инаку, Тамара периодов често настапува во Скопје и низ Македонија, а нејзините забави се едни од најпосетените и секогаш со супер атмосфера.

Таа неодамна направи пауза од настапите, па со својата сестра Тијана и нивните деца, беше на летување во Грција.

tamara-todevska-04.jpg

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Тамара во минималистички бикини, Тијана позира во плиткото: Сестрите на одмор во Грција со децата (фото)

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава