Нашите ѕвезди од 90-те: Каде се сега и што прават Угро, Ерзана, Сашо „Пијан и млад“ и Тања Царовска?

Нивните хитови се пеат до ден денес - песни кои будат носталгија и спомени. Што прават денес Угро, Ерзана, Тања Царовска и Сашо Спасовски?

nasite-zvezdi-od-90tite-kade-se-sega-i-sto-pravat-ugro-erzana-saso-pijan-i-mlad-i-tanja-carovska-01.jpg

Крајот на 90-те и почетокот на 2000-те во Македонија имаше одлична музичка естрада, а пејачите уживаа во „златно време“.

Сите слушаа македонска музика дури повеќе и од странската и токму тогаш се „родија“ најголемите хитови кои се пеат до ден денес.

Ерзана, Угро, Сашо Спасовски, Тања Царовска беа музичари кои беа екстремно популарни во земјава, а нивните песни станаа евергрини со текот на годините.

Ви откриваме каде се денес овие музички ѕвезди и што прават:

Ерзана

Неповторливата Ерзана Бериша, девојката со уникатна боја на глас и ултра модерен стил, ги испеа „Ноќна кралица“, „На чекор до тебе“ и „Илузија“ - песни кои ги знаат и денешите генерации.

nasite-zvezdi-od-90tite-kade-se-sega-i-sto-pravat-ugro-erzana-saso-pijan-i-mlad-i-tanja-carovska-002_2.jpg

Нејзиниот единствен албум „Без зборови“ важеше за еден од најпродаваните тогаш, а песните кои се најдоа во тој албум беа нешто ново и никогаш чуено на овие простори.

Талентот за музика го наследи од своите родители, албанските пејачи Агрон и Наџије Бериша.

Иако беше во екот на популарноста, Ерзана одлучи да се повлече од естрадата и целосно да се посвети на семејството.

Денес живее во Америка, заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала со кого го има и 17-годишниот син Дориан.

Последен пат кога беше во Македонија се сретна со пејачката Елена Ристеска, а средбата беше овековечена и со фотографија.

nasite-zvezdi-od-90tite-kade-se-sega-i-sto-pravat-ugro-erzana-saso-pijan-i-mlad-i-tanja-carovska-003.jpgфото: Инстаграм Стори

Тања Царовска

„Само мој“ и „Завршен“ се песните кои беа „химна“ на секоја девојка во 90-те.

Целиот свој живот Тања Царовска го посвети на музиката, а успешна музичка кариера изгради и надвор од нашите граници.

nasite-zvezdi-od-90tite-kade-se-sega-i-sto-pravat-ugro-erzana-saso-pijan-i-mlad-i-tanja-carovska-004.jpgфото: Фејсбук

Тања денес има богата интернационална кариера и со години соработува со влијателни луѓе од светската музичка индустрија. 

Има настапувано со голем број музичари и продуценти, како Џејмс Хорнер, Џон Дебни, Џоселин Пук, Дејвид Фостер...

Гостуваше и во албумот Impressions на американскиот музичар Крис Боти, што ја доби наградата Греми во 2013 година.

nasite-zvezdi-od-90tite-kade-se-sega-i-sto-pravat-ugro-erzana-saso-pijan-i-mlad-i-tanja-carovska-10.jpgфото: Фејсбук

Сашо Спасовски

Сашо Спасовски беше тинејџерски идол и сон на секоја девојка.

Момчето со широката насмевка ја освои публиката уште со првото свое појавување, а неговите песни веднаш стануваа хитови.

nasite-zvezdi-od-90tite-kade-se-sega-i-sto-pravat-ugro-erzana-saso-pijan-i-mlad-i-tanja-carovska-005.jpg

„Пиjaн и млад“, „Животе сладок си“ и „Не ги гаси свеќите“, се песните кои останаа врежани во главите на тогашните млади генерации.

Сашо остави навистина траен белег во музиката, но токму во екот на својата популарност, одлучи да се повлече од сцената.

Денес се води како вработен во семејна фирма за изработка, монтажа и одржување на големи разладни уреди, но има и свое студио во кое компонира музика за филм.

На неговите социјални мрежи нема негови фотографии, но има видео направено пред некоја година од кое може да се види дека Сашо и ден денес го красат широката насмевка и младешкиот изглед.

 

Угро

„Фраерот од пелени“, Никола Угриновски - Угро, е еден од неколкуте македонски музичари кои оставија сѐ овде и заминаа во потрага по подобар живот надвор од Македонија.

Веќе 11 години работи на брод како снимател и монтажер за NCL корпорацијата, а според она што го кажа во едно од своите интервјуа, повеќе му одговара да биде зад камерите.

Иако е во шестата деценија од животот, мора да се признае дека изгледа исто како на почетокот на својата кариера, односно како времето да запрело за него.

nasite-zvezdi-od-90tite-kade-se-sega-i-sto-pravat-ugro-erzana-saso-pijan-i-mlad-i-tanja-carovska-006.jpgфото: Фејсбук

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Познати Македонки кои веќе добиле внучиња, а изгледаат одлично Фолкерката Даниела Темелковска годинава стана баба, но на Инстаграм мами воздишк...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Игор Џамбазов со семејни фотки од 1970-тите, Дарко Илиевски чека второ дете: Што прават македонските... Васил Зафирчев ја најави новата сезона на „Преспав“, тенисерот Калин Ивановски в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg