Состојбата на Луна Поп Костова (14) од Гевгелија е животозагрозувачка, таа мора под итно да оди на операција во Турција, а повеќе мали дечиња од Гевгелија, по примерот на Нина Јанковиќ од Нови Сад, се собраа и продаваат крофни и лимонада на плоштадот во Гевгелија со цел да ѝ помогнат на нивната сограѓанка. „Родители гордејте се на вашите ангелчиња“ – порача мајката на Луна.
Лила Филиповска со долга коса и црвен фустан се појави во улогата на домаќин на фестивалот „Златни денови“ во Кратово, Стефан Лазаров објави и официјални фотографии од свадбата со саканата Марта, Весна Петрушевска по оперативен зафат го пофали државното здравство, а Ведрана Ѓорѓевиќ минува романтични мигови во Париз со саканиот.
Со бисерно бела торта, македонско знаме, музичка посвета од Слаткар и другарите околу себе, Стефан Лазаров славеше до раните утрински часови... Кулминацијата на свадбата со Марта беше во еден скопски ресторан.
Стефан и Марта блескаат среде бајката приредена во еден скопски ресторан... Декорацијата е уникатна, а првиот танц го одиграа на песна од Елвис Присли.
„Во врска сме скоро 7 години. Се запознавме во 2016-та година, Марта беше сè уште во средно училиште, а јас тукушто завршив. Иако сите ни викаа дека сме мали за сериозна врска, еве после 7 години ќе бидеме маж и жена“, откри јутуберот Стефан Лазаров за CRNOBELO.com.
„Постоиме од 2003-та година, и веќе 20 години секое лето работиме во Тунис. Во зима се враќаме неколку месеци во Македонија, а потоа пак доаѓаме овде“ – вели за CRNOBELO.com, Шабан Селими, сопственикот на слаткарницата „Слатка Македонија“, која се наоѓа во Хамамет во Тунис.
„Го гледаш бебето - те гледа и тоа тебе. Љубовта на прв поглед која ти кажале дека ќе ја осетиш, не ја чувствуваш веднаш и почнува психата да работи“ - пишува Симона Донеска, Македонка која се соочила и справила со постпородилна депресија.
„Мислам дека ги имав најдобрите одела – во мој стил, а за Спасен Силјановски немам зборови“, вели Бомбакис за свадбата со саканата Вики, а таа додава: „Целата свадба помина дури и подобро од тоа што замислувавме“.
„Ариел на апарати“, „Бут од милион долари“ – велат пријателите на Тијана Дапчевиќ, која објави фотки од семејниот одмот во Грција.
Претстојниот викенд на 8 и 9 јули ќе се одржи дводневниот велосипедски настан Авантурите на Конче и Мантово, на Езерото Мантово во Општина Конче.
Додека Маријана и Росана ги пееја своите антологиски хитови, публиката во преполниот клуб во Скопје пееше во еден глас со нив и уживаше во единствената можност - да ги слушнат сестрите како пеат заедно по скоро 20 години.
„Читам 39-годишна жена откако се породила скокнала од прв кат на болницата... Ќе почнам вака: Заборавете го тоа ‘Кога ќе се породиш, ќе заборавиш се’. Не е така. Потоа доаѓаш дома, се мачиш со доење, те боли раната, крвавења, сите наеднаш имаат што да те посоветуваат. Ноќите и деновите ти се исти“, гласи дел од виралниот статус на Теодора Цветковска.
„Запросувањето се случи додека бевме на летување во Бодрум, Турција. Ми беше вистинско изненадување, не знаев дека Миле подготвува нешто“, изјави Сандра Димитрова за CRNOBELO.com.
„Со сопругот кратко по свадбата почнавме да бараме готов стан во Скопје, цел живот овој град ни е дом и сакавме така и да остане, но на сите им пронајдовме маани. И на крај падна одлука, купуваме во градба, таков каков што си посакуваме, со распоред и во населба која ни се допаѓа. Згора на сè, одлучивме да купиме стан сами со станбен кредит, кој ќе го отплаќаме со макотрпна долгогодишна работа, па внимателни сме уште повеќе...“
Семејството на Кико кој неодамна ѝ подлегна на болеста направи големо хумано дело – донираше половина милион денари, односно околу 8.000 евра од собраните пари за друго болно детенце.
Кога имаш срце полно љубов кон децата, трпение и магични раце, тогаш резултатот е неверојатен. Браво за Адо Мурис Хамзиќ и неговиот пристап кон работата, ни требаат повеќе вакви професионалци.
„Денес се молиме на сите богови да не ни се спои небо и земја, дечкото слави роденден“, напиша на Инстаграм Миа Костова, која на 02.07 направи забава покрај базен за роденденот на синот.
На Свети Наум во Охрид, Тони Михајловски доби незаборавно роденденско изненадување, со свеќи, песна и сакани колеги и пријатели, фудбалерот Александар Трајковски со семејството ужива во Палермо, Италија, а Лила Филиповска е на уште едно од своите многу патувања.