Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Искрен статус на Македонка: „Нема ништо магично во константни болки, клизма и провокации, постпородилната депресија не е реткост“

„Читам 39-годишна жена откако се породила скокнала од прв кат на болницата... Ќе почнам вака: Заборавете го тоа ‘Кога ќе се породиш, ќе заборавиш се’. Не е така. Потоа доаѓаш дома, се мачиш со доење, те боли раната, крвавења, сите наеднаш имаат што да те посоветуваат. Ноќите и деновите ти се исти“, гласи дел од виралниот статус на Теодора Цветковска.

iskren-status-na-makedonka-nema-nishto-magichno-vo-konstantni-bolki-klizma-i-provokacii-postporodilnata-depresija-ne-e-retkost-01.jpg

По немилиот настан од вчера (03.07) со родилката во Скопје, која скокнала од прозорец од болницата во која се породила, на социјалните мрежи има многу реакции, а вирално кружи и статусот на Теодора Цветковска, која отворено говори за тежината на бременоста и породувањето кај жените.

Статус кој освестува и сервира една поинаква и сурово реална страна на работите за која сите треба да бидат свесни.

Објавата на Теодора:

„39-годишна жена откако се породила скокнала од прв кат на Клиниката за гинекологија, се бори за живот. 
Ова е првата вест која ја прочитав денес откако вклучив лаптоп.

Ќе почнам вака: Заборавете го тоа ‘Кога ќе се породиш, ќе заборавиш се’.

iskren-status-na-makedonka-nema-nishto-magichno-vo-konstantni-bolki-klizma-i-provokacii-postporodilnata-depresija-ne-e-retkost-04.jpg

Инстаграм мами јадат чија семе и киноа, додека споделуваат видеа како вежбаат трипати на ден во седми месец од бременоста, ти отвораш фрижидер уште еднаш и си поткаснуваш, веројатно по седми пат тој ден.
Од една страна сите ти велат да си јадеш бидејќи си трудна, од друга страна те јаде совест кога ја гледаш совршенава трудница како е фит, а ти веќе имаш ставено повеќе од 15 килограми.

Остануваат уште два месеци, тоа значи уште веројатно пет до десет килограми плус.
Подготовки за име, соба, облека, колички, шеми за тоа колку пати ќе доиш, ќе се молзиш, за колку месеци ќе почнеш на работа. Тече времето, расте стресот за денот Д.

Редовни контракции, се скусува времето, ЦТГ денес, утре пак, дојди во понеделник, конечно почнуваат да бидат на неколку минути. Одиш во болница.
Ох, нема ништо женствено, убаво и магично во константни болки, клизма, провокации и помини – брцни проверка на цервикс.

‘Ќе мора да ти правиме царски’, ми рекоа. После повеќе од 12 часа, само слегнав со рамената и реков: ‘Во ред, само нека заврши’.
Тркалата на креветот тропаат по ходници, а светот ми се смалува. Свират мониторите, се полни салата.

Не ѝ ставајте тоа, тахикардична е – го слушам анестезиологот. Дваесет минути траат вечност, докторките конечно завршуваат со операцијата и се слуша плач. Ништо, празно!
Плачеш со некаква леснотија дека сè завршило, не паѓаш во несвест од среќа дека си мајка и не дека е баш ова најубавиот момент што си го доживеала.

iskren-status-na-makedonka-nema-nishto-magichno-vo-konstantni-bolki-klizma-i-provokacii-postporodilnata-depresija-ne-e-retkost-03.jpg

Доаѓаш дома, се мачиш со доење, те боли раната, крвавења, сите наеднаш имаат што да те посоветуваат, да ти кажат. Ноќите и деновите ти се исти, времето станува убаво, а ти седиш на тераса и се прашуваш зошто ти требаше ова, која си, како ќе издржиш.

Поминува време, станува полесно, спиеш повеќе од два часа во денот, имаш време да се избањаш, да испиеш кафе со другарките, да излезеш, килограмите полека се намалуваат…
Конечно, собираш и сила да го напишеш и ова, ти требало катарза. За жал, оваа 39-годишна родилка, можеби никогаш нема да стаса да го каже своето патување на глас.

Постпородилната депресија не е ретка појава, а тоа ‘ќе помине, нормално е’ ви кажав...“

/?mibextid=cr9u03

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Ивона Јо (28) му го честиташе роденденот на брат ѝ (22): „Мое малечко, фала ти што си пред сѐ - чове... „Мое малечко. Едно си ми. И незаменливо. Секој април го посветувам на тебе - зош...
61-годишна пациентка го роди своето прво бебе, Петар, на ГАК во Скопје: „Не постојат повеќе граници ... „Оваа мајка-херој како што ја нарекуваме е прва која е останата бремена со сопст...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Панчо емотивен за роденденот на првородениот син: „Ќе те сакам до крајот на животот“ „Не можам да ти ветам дека ќе бидам тука до крајот на твојот живот, но ти ветува...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg