„Признавам не можам без тебе“ - Маријана и Росана пееја заедно по 20 години и ја разнежија публиката (видео)

Додека Маријана и Росана ги пееја своите антологиски хитови, публиката во преполниот клуб во Скопје пееше во еден глас со нив и уживаше во единствената можност - да ги слушнат сестрите како пеат заедно по скоро 20 години.

priznavam-ne-mozham-bez-tebe-marijana-i-rosana-peeja-zaedno-po-20-godini-i-ja-raznezhija-publikata-video-01_copy.jpg

Сестрите Маријана и Росана, кои беа едни од најпопуларните македонски дуети во 1980-те години, по скоро 2 децении запеаја заедно во живо пред скопската публика.

На покана на Дац и Александар, тие вчеравечер (04.07) настапија во еден скопски локал и ги испеаја антологиските песни што им ја одбележаа кариерата, но и младоста на една генерација – „Едно срце имам душо“, „Признавам“ и „Свири ми брате цигане“.

priznavam-ne-mozham-bez-tebe-marijana-i-rosana-peeja-zaedno-po-20-godini-i-ja-raznezhija-publikata-video-05.jpg

Маријана и Росана пееја во преполниот клуб, а публиката пееше во еден глас со нив и уживаа во неверојатната можност да ги слушнат првпат по многу години.

priznavam-ne-mozham-bez-tebe-marijana-i-rosana-peeja-zaedno-po-20-godini-i-ja-raznezhija-publikata-video-03.jpg

Александар и Дац, кои беа иницијатори на овој настап, на Фејсбук објавија дел од видеото од настапот на познатите сестри, чии песни и денес се пеат на секоја прослава.

„Погледнете како се забавувавме вчера... Сите заедно пеевме во еден глас со Маријана и Росана.

Реприза навистина нема, но има кратко видео кое ќе остане засекогаш“, напишаа тие и најавија дека наскоро ќе имаат нови гости на нивите свирки.

priznavam-ne-mozham-bez-tebe-marijana-i-rosana-peeja-zaedno-po-20-godini-i-ja-raznezhija-publikata-video-04.jpg

Претходно Дац и Александар објавија и заедничка фотка со Маријана и Росана.

„Конечно се комплетиравме. Со нашите драги Маријана и Росана утре ќе запееме. Ова се случува еднаш и реприза нема“, стоеше во тогаш во нивната најава.

priznavam-ne-mozham-bez-tebe-marijana-i-rosana-peeja-zaedno-po-20-godini-i-ja-raznezhija-publikata-video-02.jpg

Инаку, Росана која долго не беше активна на музичката сцена, изминативе години повторно почна да пее.

Маријана, пак, откако се пресели во Австралија, се откажа од кариерата и не настапува јавно, но понекогаш знае да запее кога е во друштво на свои блиски пријатели.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело / Фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Александар Митевски за спортската химна од Тоше: „Дојде од пат уморен, ја отпеа од прва и му се напр... „Токму денеска пред 18 години се роди песната „Македонија навива за вас“. Мелоди...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...

Најчитани неделава