Браво! Семејството на херојот Кико донираше половина милион денари од собраните пари за друго болно детенце

Семејството на Кико кој неодамна ѝ подлегна на болеста направи големо хумано дело – донираше половина милион денари, односно околу 8.000 евра од собраните пари за друго болно детенце.

bravo-semejstvoto-na-herojot-kiko-donirashe-polovina-milion-denari-od-sobranite-pari-za-drugo-bolno-detence-001.jpg

Кико, кој страдаше од ретката болест Атаксија-телеангиектазија, ја сплоти македонската јавност која за само неколку дена собра околу 80.000 евра за неговото лекување.

За жал, Кико почина, но неговите родители одлучија да помогнат да спасат друго дете.

Парите се донирани на Стефан, детенце на кое му е потребен аспиратор. Во апелот за помош е истакнато дека за оваа цел се потребни 585.000 денари.

Семејството на Кико излезе во пресрет и ја донираше потребната сума.

bravo-semejstvoto-na-herojot-kiko-donirashe-polovina-milion-denari-od-sobranite-pari-za-drugo-bolno-detence-02.jpgфото:

?locale=mk_MK" target="_blank" rel="noopener">Фејсбук

Веста за донацијата ја сподели македонскиот инфлуенсер Стефан Лазаров кој активно учествуваше во собирањето пари за Кико.

„Како што најавив пред 2 дена, ова утро од семејството Коцеви е извршена донација во вредност од 500.000 денари.

Ова е од Кико за Стефан.

Голем респект од мене за Горан, Катерина и Никица, семејство со вистински вредности, чесно и хумано. Заслужувате многу… а на малиот Стефан му посакувам брзо да се опорави“, пишува во објавата на Инстаграм Стори.

bravo-semejstvoto-na-herojot-kiko-donirashe-polovina-milion-denari-od-sobranite-pari-za-drugo-bolno-detence-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Софија Јанева му прослави „половина роденден“ на синот - со половина торта за полнење 6 месеци (фото... „Баш кога мислиш дека имаш некаков ред, бебето ќе реши да не спие цела ноќ. Но, ...
Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото) Стефан oд Прилеп, живее со Милена во Германија, а ја запроси на патување во Хола...
Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“ „Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да...

Најчитани неделава