Вирален статус на Македонка по постпородилна депресија: „Едвај стануваш после царски, непознати луѓе те прашуваат дали доиш“

„Го гледаш бебето - те гледа и тоа тебе. Љубовта на прв поглед која ти кажале дека ќе ја осетиш, не ја чувствуваш веднаш и почнува психата да работи. Потоа, ако доиш, млекото ти е слабо или бебето не знае да фати. Одиш на контрола, бебето не напреднало. Психата полудува. Хормоните вријат. Панични напади те убиваат“ - пишува Симона Донеска, Македонка која се соочила и справила со постпородилна депресија.

viralen-staus-01.jpg

Александра Цункоска, Македонка која имала постпородилна депресија, во моќен статус на Фејсбук раскажа за премрежјата низ кои поминала уште додека била бремена и како успеала да се излечи од оваа тешка состојба.

Таа вели дека депресијата не се лекува со Б6, но и дека само ако мајката е среќна и детето ќе биде среќно.

Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:

Општеството во кое депресијата се лекува со Б6

„Два месеци пред породување - бебето е карлично, ќе мора царски. Океј. Одиш дома, се распрашуваш, гуглаш, бараш вежби и начини да се сврти.
Со стомак до заби се прчиш и превртуваш за да му помогнеш да се сврти, ама не бидува. 9-ти месец – ти кажуваат дефинитивно мора царски.

Почнува чувство на вина. Не сум мајка.
Каква жена сум јас ако не родам природно.

Oдиш на царски.
Спинална. Слушаш сè, свесен си. Си ги гледаш нозете, ама не ги чувствуваш. Те преплавува страв. Паничен напад. Слушаш сестрите зборуваат.
Океј, се покачува притисокот.
Ти даваат инфузија. Те смируваат.
Ама не, телото се тресе. Раѓаш.

Одиш во соба.
Цела вечер врескаш од болки зашто раната (сечени седум слоја) боли Бог знае само колку. (Не сте свесни).

Прв ден – ти го носат бебето. Боли не боли, тоа е, мораш да станеш од кревет да го земеш.
Го гледаш, те гледа и тоа тебе.
Љубовта на прв поглед која ти кажале дека ќе ја осетиш, не ја чувствуваш веднаш и почнува психата да работи.

Станувањето после царски е жив пекол. Те боли секоја коска.

Одиш дома и тука почнува голгота.

Доиш, не доиш. Имаш млеко, немаш млеко. 
Ако дадеш АД не си добра мајка. Рандом луѓе те прашуваат дали доиш.
Ако доиш, млекото ти е слабо или бебето не знае да фати. Одиш на контрола, бебето не напреднало.

Психата полудува. Хормоните вријат. Панични напади те убиваат.

Луѓе од сите страни. Бебето плаче, плачеш и ти. Се шеташ низ дома со пумпа и се чувствуваш како подвижна млекара, т.е како сè, само како жена не.

Бледа си, немаш сила. Се движиш ко инвалид. Едвај.
Немаш млеко. Се обвинуваш. Сè повеќе и повеќе.
Имаш млеко, ама бебето упорно плаче, гладно е, не ти е млекото хранливо.

Не спиеш. Хормоните лудуваат.

Одиш на психијатар, ти вели дека состојбата не ти е добра и мора терапија.
Ауу Боже „сачувај“. Во оваа земја, не доаѓа предвид. Не може терапија.

Мораш да доиш. Доиш, бебето цица, а ти си жив мртовец, на дното, на работ.

Луѓе - ве молам, ама стварно!

Постпородилната депресија не е играчка. Толку е страшна, не сте свесни и не сакате да знаете и не дај Боже да ви се случи.
Не е играчка и не поминува со Б6-че. 

И ве молам, објаснувајте им на жените дека „љубовта на прв поглед е сосема во ред ако не се случи веднаш“ и дека првиот месец може да е стварно жив пекол и тоа е сосема нормално.

Ова ви го кажува мајка која се избори со постпородилна депресија во моментот кога сфати дека среќна мајка е среќно бебе“.

https://www.facebook.com/aleksandra.mihova.14/posts/10227740062185159

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не е Прованса, Грција е: Македонка позира среде недогледни полиња лаванда (фото) „Отсекогаш сум сакала да имам магични фотографии со полиња од лаванда, но и покр...
Македонка направи уникатно откривање на полот на бебето со торта со обоена внатрешност (фото+видео) „Ова беше огромно изненадување, бидејќи според генетската историјата на семејств...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Доктор Митов: „Во рака ми е првиот леб што сум го направил - баш каков што го сака жена ми“ „Природата нѐ учи на многу работи, но пред сѐ мислам дека нѐ учи на трпение. И п...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg