Дечиња во Гевгелија продаваат крофни за да го спасат животот на Луна (14) - по примерот на малата Нина од Нови Сад

Состојбата на Луна Поп Костова (14) од Гевгелија е животозагрозувачка, таа мора под итно да оди на операција во Турција, а повеќе мали дечиња од Гевгелија, по примерот на Нина Јанковиќ од Нови Сад, се собраа и продаваат крофни и лимонада на плоштадот во Гевгелија со цел да ѝ помогнат на нивната сограѓанка. „Родители гордејте се на вашите ангелчиња“ – порача мајката на Луна.

dechinja-vo-gevgelija-prodavaat-krofni-i-limonada-za-da-go-spasat-zhivotot-na-sogragjankata-luna-14-koja-mora-na-itna-operacija-01.jpg

По приказната за малата Нина Нинковиќ од Нови Сад, која стана вистинска мала хероина откако продаваше крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот татко во Москва и во Македонија се случува слична хуманитарна акција, во која повеќе дечиња од Гевгелија се собраа да продаваат крофни и лимонада на плоштадот „Фонтана“ со цел да соберат средства за лекување на нивната сограѓанка Луна Поп – Костова.

Луна Поп Костова (14) од Гевгелија, поради асфикција на мозокот при раѓањето се здобила со дијагноза „спастична парализа - квадриплегија“ и веќе една година храбро се бори со сколиоза во последен стадиум и ѝ е потребна операција во Турција.

Покрај тоа што се отворени повеќе сметки на коишто може да се донираат средства за да им се помогне на родителите да го спасат животот на нивната ќерка, голем број дечиња од Гевгелија по примерот на малата Нина од Нови Сад, одлучија да дадат свој придонес и да помогнат.

На плоштадот „Фонтана“ во Гевгелија, Мaрија Митрова (11) и нејзините другарки и други дечиња се собрани и продаваат крофни и лимонада со цел да се соберат средствата неопходни за лекување на Луна.

„Крофни и лимонада за Луна“ – во едно од видеата може да се слушне како дечињата ги викаат присутните во паркот да го посетат слаткиот штанд и да купат од нивните производи и на тој начин да донираат за нивната сограѓанка која мора итно да биде оперирана во август.

Освен нив, во хуманитарната акција за Луна се вклучи и Силвија, девојче кое продаваше колачи во продавница за здрава храна во Гевгелија, а малиот Петар подготви слатки кои ги продаваше на штандот.

„Хуманоста ја отсликува големината на еден човек. Таа е најчовечната особина, доблест за секој поединец. Таа е дел од принципите на еден граѓанин. Дел од животната етика. Чувството да спасиш човечки живот е непроценливо.

Да се помага, да се прават добри дела во секој потребен момент, да се биде хуман, за спасен живот нема цена.

Овие дечиња: Силвија, Марија и Петар хуманоста не ја учеле од книга едноставно ја поседуваат во својот дух од мали нозе.

Родители гордејте се на вашите ангелчиња. Среќна сум што ги запознав и ме направија среќна во овие мои тешки денови поминати во солзи. Бескрајно сум ви благодарна од срце“ – напиша на својот Фејсбук профил мајката на Луна.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Нина Ред со искрена исповед: „Еден период не бев добро – многу ослабнав, немав волја за ништо, почна... „Еден период не бев добро, се изгубив себеси. И тоа се одрази на моето тело. Мно...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава