„Прво модно правило ми е – ‘Секогаш средена’. Без разлика дали одам на работа, до маркет или излегувам во град... Се сеќавам, баба ми често велеше, не знаеш што ти носи денот и кого ќе сретнеш по пат. Многу точно. И секогаш сум за штикла пред патика, но знам да ги искомбинирам и двете работи, во зависност од ситуација“, вели доктор Маријана Манеска (30) од Скопје за CRNOBELO.com.
„Карактеристична е азиска храна, зачинето и луто. Ако нарачате салата, нема да ви се допадне ниту домат, ниту краставица, која е како тиква. Имаат и морско ама претежно сè мириса на кари или куркума“, открива Миа Костова за престојот на Малдиви, за каде вели дека ги видела најубавите плажи досега.
Со видео на Инстаграм, дизајнерката Ива Спасовска откри дека саканиот ја запросил, и тоа на можеби најромантичното место во светот – под Ајфеловата кула во Париз.
Панчо од ДНК на ногата си ги истетовира македонското знаме и имињата на фудбалските репрезентативци кога се пласираа на Европско, Перо Антиќ меѓу тетоважите ги има и имињата на неговите 3 сина... Кои други познати Македонци имаат впечатливи тетоважи?
Каролина Гочева ужива во вкусно италијанско вино и среќна и вљубена со сопругот Михаил Корубин го истражува Рим. Парот открива низа приватни мигови од патувањето во Италија на Инстаграм...
„Двајцата сме личности кои не сакаат големи свадби и отсекогаш ни било сон да се венчаме на плажа. Со месеци пишувавме со агенции од Маурициус, Занзибар и Сејшели и на крај изборот падна на Сејшели затоа што островот има некоја посебна романтична приказна. Нè пречека приватен возач...“, раскажува Драгана Игнатова (27) од Кратово за CRNOBELO.com.
Минатата година македонскиот рапер Таско откри дека со саканата во тајност стапиле во брак и дека ќе станат родители на момче. Сега, во мај, тој и неговата сопруга Наташа направија и црковна венчавка, а деновиве објавија нови фотки од овој специјален миг.
„Осмина финале е и жирито беше со многу построги критериуми, што е нормално затоа што останати сме само 36 кандидати. Јас се претставив со песните „Црно и бело” од Калиопи и „Слатка мала” од Јелена Карлеуша. Идејата за стајлингот, како и секогаш, беше според песните“, вели Милица Ризо Трајков (18) oд Кавадарци за CRNOBELO.com.
Малиот Кирил во еден момент негодуваше додека попот го бањаше, но во текот на целиот ден на својата крштевка зрачеше со насмевка и харизма, сведочат фотографиите кои ги објави Сара Мејс.
Првиот сопруг ѝ бил познат мотокрос шампион, кој по несреќа со мотоцикл останал парализиран од појасот надолу. Од бракот со него, Снежана ја доби ќерката Ив, која неодамна го прослави 18-иот роденден. Прочитајте како најпознатата Македонка во Австралија го честиташе роденденот на својата ќерка.
Кога не е работно ангажиран во Канада и не е на посета во родната Македонија, Јован Јованов ужива во патувања низ светот. Овојпат дестинација му е живописната Куба.
Од Лила Филиповска и Васил Зафирчев, до Ивана Кнез и Васил Гарванлиев – македонските јавни личности за CRNOBELO.com откриваат дали веруваат во хороскоп, кои карактеристики ги поседуваат од својот знак и подзнак и дали читаат дневен хороскоп, макар и за забава.
„Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку се одложија. Фустанот го купив од Истанбул, во ателјето на турската дизајнерка Ozlem Demirbasc. Рачна изработка е, со материјали на Zuhair Murad. Веднаш штом го облеков знаев дека е точно тоа што сум го замислила, па така го купив во првите 10 минути“, раскажува Натали Ергич (22) од Скопје за CRNOBELO.com.
Често велат дека „гените се чудо“ или дека „крушата под круша паѓа“. Во продолжение да видиме кои познати Македонци продолжиле по стапките на нивните познати татковци и градат кариера во уметноста или спортот во кои нивните родители оставиле печат.
„Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот. И искрено се прашував дали ќе доживеам следно лето да уживам во убавините на животот. Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив...“, гласи дел од емотивната објава на Лила Филиповска.
Необична сцена привлече внимание во центарот на Скопје - два бели коња влечеа бела кочија, украсена со македонско и кениско знаме и многу цвеќиња.
Лила Филиповска ужива во Турција, Миа Костова на Малдиви, а на бескрајно долгите песочни плажи покрај тиркизната вода на оваа дестинација уживаше и онлајн фитнес тренерот Ана Стојанова.
Си замина нашата музичка легенда. Кралот на саксофонот и кларинетот Ферус Мустафов (72) по кратко боледување, ноќеска (22.05) почина.