Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најпознатата Македонка во Австралија го прослави 18-иот роденден на ќерката – Tатко ѝ е неподвижен, а се развеле кога таа имала само 2 месеци

Првиот сопруг ѝ бил познат мотокрос шампион, кој по несреќа со мотоцикл останал парализиран од појасот надолу. Од бракот со него, Снежана ја доби ќерката Ив, која неодамна го прослави 18-иот роденден. 

najpoznatata-makedonka-vo-avstralija-go-proslavi-18-iot-rodenden-na-kjerkata-od-prviot-brak-so-tatko-i-se-razvele-koga-taa-imala-samo-2-meseci-01.jpg

Снежана Маркоски Вуд е Македонка која живее во Австралија а се прослави по учеството во реалното шоу „Bachelor“.

Снежана редовно на својот Инстаграм профил објавува фотографии со кои им покажува на нејзините следбеници како изгледа нејзиниот живот со сопругот Сем Вуд, кого го запозна во реалното шоу, но и со трите деца што ги доби од бракот со него, и ќерката што ја има од претходен брак.

najpoznatata-makedonka-vo-avstralija-go-proslavi-18-iot-rodenden-na-kjerkata-od-prviot-brak-so-tatko-i-se-razvele-koga-taa-imala-samo-2-meseci-02.jpg

Иако Снежана потекнува од Македонија, таа е родена и пораснала во Перт, Австралија.

Кога имала 6 години, нејзините родители накратко се вратиле во Македонија, но по неколку години одлучиле да се вратат назад.

Пред да го запознае и да се омажи со Сем Вуд, Снежана беше во брак со Џејсон Рапоф, поранешен шампион во мотокрос, со кого ја доби ќерката Ив.

najpoznatata-makedonka-vo-avstralija-go-proslavi-18-iot-rodenden-na-kjerkata-od-prviot-brak-so-tatko-i-se-razvele-koga-taa-imala-samo-2-meseci-03.jpg

Но, бракот траел околу една година. Во 2005-та година Сем имал несреќа, по која останал парализиран од појасот надолу, а почнал да користи опојни супстанци, заради што двапати бил во затвор, во 2005-та и во 2010-та година.

Првиот пат Џејсон бил затворен само неколку месеци откако се венчал со Снежана, а полицијата го фатила со метамфетамин и две огнени оружја. Парот се развел набрзо, во периодот кога нивната ќерка Ив имала само 2 месеци.

najpoznatata-makedonka-vo-avstralija-go-proslavi-18-iot-rodenden-na-kjerkata-od-prviot-brak-so-tatko-i-se-razvele-koga-taa-imala-samo-2-meseci-04.jpg

Оттогаш Џејсон тврди дека успеал да се избори со зависностите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Снежана Лупевска ужива на божиќен базар во Солун со синот Микаил (8) Џиновски Дедо Мраз, многу сијалички и празнична атмосфера, Снежана Лупевска ужив...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Ќерката на Тамара го прослави 9-тиот роденден - диско забава и црна торта за Хана Со забава во диско стил, со многу музика, другарчиња и интересна торта, ќерката ...
Пере од Нокаут: „Денес ми е роденден - не те славам, не ми се пее, деца изгореа во песната“ „Ова не е објава, туку белег со неколку реда што ме болат. Не ми се пие и пее, н...
„За многу години“ – Првите три велигденски јајца во домовите на познатите Македонци „Од многу мала ја паметам оваа традиција на фарбање на првите три јајца на Велик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg